АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На советничко прашање на денешната седница на Советот на Општина Битола, што го постави советничката од СДСМ, Елена Кромидаровска, градоначалникот Коњановски рече дека во буџетот има 262 милиони денари.
-Колкави финансиски средства наследивте во Општинската каса и со колку плус го започнувате вашиот мандат?, праша советничката Кромидаровска
-Согласно извештајот на пописната комисија направен е пресек за побарувањта и обврските заклучно со 10.11.2021. Во буџетот наследивме 262 милиони денари и обврски во висина од 130 милиони денари, рече Коњановски.
Тој одговарајќи на советничко прашање додаде дека комисиски ќе се утврдуваат ненаплатените побарувањата на општината, кои се околу 435 милиони денари, а постои опасност некои да се застарени.
Советникот Ѓорѓи Ѓориевски од ВМРО-ДПМНЕ го праша градоначалникот колку тужби стигнале и колку пари исплатила Општината како отшетат на граѓани каснати од кучиња скитници, а Жаклина Наумовска од СДСМ се интересираше дали се знае колку би чинело одржувањето на стационар за кучиња и дали Општината може да го издржи тој товар.
-Сме платиле 1 милион и 129 илјади денари во текот на 2021 година. Во тек се уште десетина предмети кои не се дојдени до завршна фаза. Ова е горлив проблем, изминатиот период не се најде ршение на проблемот. Најпрво ќе бараме преоден модел на средби со Здруженијата, а потоа и системско решение со изградба на стационар на бездомни животни. Ќе биде изработен проект за изградба и ќе се дефинираат сите потребни детали и аспекти. Ќе бидат потребни стручни тимови и екипи, ќе ја повикаме стручнаат јавност да каже, постои локација, но ќе видием дали е тоа така како што е предвидено, одговори градоначалникот Коњановски.
-