Добитникот на стипендијата Тома Фила е постдипломката од Правниот факултет во Битола Христина Тоневска, која ќе остварува едногодишното стручно усовршување во Адвокатското друштво „Димитровски“, во Битола, објавија од адвокатското друштво .
На официјален настан во битолскиот Ректорат, Фондацијата застапувана од ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, склучи Договор со адвокатот Никола Димитровски-основач на Адвокатското друштво „Димитровски“, со цел стипендистката Христина Тоневска да остварува едногодишно стручно усовршување и да биде ангажира како адвокатски приправник во канцеларијата, стои во објавата на „Димитровски“.
Христина Тоневска е петтиот корисник на стипендијата Тома Фила.
Таа е Магистер на правни науки од областа на граѓанското право и вториот циклус правни студии го заврши со просек 9.56 кој впрочем и ја донесе и оваа стипендија.
Фондацијата Тома Фила и УКЛО го продолжуваат проектот да ги наградат најдобрите со цел да им даде дополнителен поттик и мотивација на своите студенти.