2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Зимската служба е на терен, се чистат улиците по приоритет, велат од Општина Битола

Јануари 21, 2022

„Екипите на зимската служба на Општина Битола, од утрово постојано се на терен. Во моментот расчистувањето се врши со 10 возила, а за досегашната интервенција искористени се 25 тони сол и 25 тони ризла, при што чистењето се врши по приоритет согласно усвоената програма од Советот на Општина Битола за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на општината за сезоната 2021/2022 година, односно прво се чистат улиците од прв приоритет и критичните точки, а потоа се продолжува со континуирана работа на другите места.

Постојаните снежни врнежи дополнително го отежнуваат целосното расчистување, но според временската прогноза се очекува во текот на денот интензитетот на врнежи од снег да се намали, а вкупната снежна покривка да достигне 10 сантиметри, при што според состојбата на сообраќајниците ќе биде вклучена и дополнителна механизација за расчистување, како и нови количини на сол и ризла, согласно потребите“, соопштија од Општина Битола. 

--

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани