2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Детското одморалиште на Пелистер предолго одмора без деца

Јануари 25, 2022

Спуштена рампа, снег до колена и заклучен објект, не̍ пречекаa во некогаш најпопуларното детско одморалиште во земјава, „Пелистер“ на Баба Планина. Ова е седма година како не работи, а некогаш збираше илјадници деца на летување, зимување и настава во природа. Спорсткото игралиште е празно, салата за игранки демолирана, малтер се рони од ѕидовите на одморалиштето и балконите, а некои делови за заштита од крадци се преградени со решетки. Само муралите на ѕидовите и по некоја поетска творба изложена во литературното катче сведочат дека овде  некогаш имаше деца.

„ВО ДЕТСКОТО ОДМОРАЛИШТЕ ИМАМ ЛЕТУВАНО СЕДУМ- ОСУМ ГОДИНИ, ОД ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ И БЕШЕ МНОГУ УБАВО МЕСТО КАДЕ СЕ ДРУЖЕВМЕ. ИМАШЕ ДЕЦА ОД СИТЕ СТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА, МНОГУ ДРУГАРУВАВМЕ, ИМАВМЕ ЗАБАВА И НАТПРЕВАРИ. НО, НАЈВАЖНО Е ШТО САМИ СЕ ОСАМОСТОЈУВАВМЕ ОД МАЛЕЧКИ ОД ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ, САМИ ДА СЕ ХРАНИМЕ, СНАОЃАМЕ ВО ДРУШТВО И ДА ПЛАНИНАРИМЕ, ДА ЈА ЗАСАКАМЕ ПЛАНИНАТА“, ВЕЛИ ЉУБИЦА МИТРЕВСКА, ПОРАНЕШЕН ЛЕТУВАЛЕЦ НА „ПЕЛИСТЕР“.

Корисничко право врз одморалиштето има Министерството за труд и социјална политика од каде ни одговорија дека за намената на ваквите објекти, продажба или друго одлучува Владата. Сепак, велат дека ангажирале лица да се грижат за обезбедување на објектот.

До 2016 година државата неколку пати го објави за продажба одморалиштето проценето од Бирото за судски вештачења на 48,6 милиони денари, но не се јави заинтересиран купувач.

Наместо да го реновираат, политичките партии се препукуваат. СДСМ го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ дека сака да го продаде. Овие пак, саркастично сечеа црна лента пред објектот зашто СДСМ не го обнови, а вети. Советничката група Поинаку стави макети од деца асоцирајќи на посетеноста која веќе ја нема.

Планинарите велат дека жално е да пропаѓа ваков капацитет во срцето на Националниот парк Пелистер.

„РАКОВОДИТЕЛ НА ДЕТСКОТО БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ СКИЈАЧИ ВО ПОРАНШЕНА ЈУГОСЛАВИЈА, ЉУПЧО СПИРКОВСКИ, КОЈ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО САРАЕВО ГО НОСЕШЕ ЈУГОСЛОВЕНСКОТО ЗНАМЕ. НО, ОБЈЕКТОТ ВО ЕДЕН ПЕРИОД ПОЧНА ДА СЕ ЗАПОСТАВУВА, СО ТИЕ ПРИМОПРЕДАВАЊА КОЈ СТОПАНИСУВА И КАКО СТОПАНИСУВА, ПА НЕКОЛКУ ГОДИНИ Е ЗАТВОРЕН ШТО Е ГОЛЕМА ШТЕТА НЕ САМО ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПЛАНИНАТА ТУКУ И ЗА НАЈМЛАДИТЕ ЗАШТО Е НА ДОФАТ НА ПЕЛИСТЕР ИМА АСФАЛТЕН ПАТ, ИГРАЛИШТА, ПРИДРУЖНИ ОБЈЕКТИ. ЖАЛНО ШТО НЕКОЛКУ ГОДИНИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ РАБЗИРАЊЕ ОБЈЕКТОТ ДА СЕ СТАВИ ВО ФУНКЦИЈА“,  ВЕЛИ ПЕТАР СТАВРЕВ, ДОЛГОГОДИШЕН ПЛАНИНАР ОД БИТОЛА

Пред повеќе децении планинарите со ентузијазам ги граделе објектите низ Пелистер, денес сме сведоци на нивно уништување. Планинарскиот дом Копанки изгоре пред 9 години и не се обнови, Ловечката куќа изгоре оваа зима, а светла иднина нема да дочека ни Детското одморалиште доколку биде и натаму оставено на забот на времето.

Жанета Здравковска

Прилогот е дел од проектот на ТВ Телма za Мобилно новинарсто (МоЈо) и целосно е реалзиран со мобилен телефон

линк до оригиналната објава       https://telma.com.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани