2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Три години по изградбата, пругата Битола-Кремeница се уште е слеп колосек, министерот Бочварски најавува дека ќе биде пуштена оваа пролет

Февруари 17, 2022

Се градеше во време на две Влади, ја следеа финасниски малверзации и меѓународни арбитражи, но и три години откако реконструкцијата е завршена, пругата кон соседна Грција и натаму е слеп колосек. Сега министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најавува дека оваа пролет ќе биде извршен техники прием на пругата откако завршија сите административни процедури.

-Железничката пруга Битола Кременица е целосно реконструирана, технички е завршена како проект, а во моментот Министерството за транспорт и врски заедно со „Железници инфраструктура“ има изработено постапка која е во Владина процедура за пренамена на земјиштето, откако заврши експропријацијата. Откако ќе ја завршиме таа постапка веднаш излегуваме со тимовите на терен за да извршиме технички прием на оваа железничка пруга. Моите очекувања се дека оваа пролет ќе ги завршиме сите овие административни постапки, по што ќе се отври линија од Битола до Жабени, а секако и до Република Грција, вели Бочварски

Пругата во должина од 18 километри чинеше 17 милиони евра, од кои 6 од Буџетот на државата и 11 од фондовите на ЕУ.

Претходната власт изградбата на оваа делница ја означи во јануари 2015 година, а градежните работи требаше да завршат во јули 2016. Но, конзорциумот од бугарски фирми, кој го доби тендерот, во овој период изгради само еден километар од делницата, а им остана должен на фирмите подизведувачи околу 1 милион евра. Работниците на кои конзорциумот не им исплати за сработеното, ги прекинаа сите активности на пругата во август 2016 година. Потоа Министерството за транспорт и врски го раскина договорот поради неисполнување на условите, а државата со бугарскиот конзорциум води судски спор.

На новиот тендер во 2017 година беше избрана австриската компанија „Штрабак“, со рок за изградба на 18 километарската делница до октомври 2018 година, а работите завршија на почетокот од 2019

По оваа пруга воз од Македонија кон Грција не поминал 35 години. Старата пруга била изградена во 1894 година, а во текот на нејзиното славно минатот во Битола со воз допатуваеле многу историски личности, конзули, патописци... Повозрасните битолчани се сеќаваат во времето на поранешна Југославија кога со воз често се патувало од Битола за Лерин и обратно

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани