2win800x200

ПРУГАТА ОД БИТОЛА ЗА ГРЦИЈА ДО НОВА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА

Ноември 21, 2018

Завршија градежните работи за поставување на шините на пругата од Битола за грчка граница, а до Нoва година останува да се довршат другите делови околу пругата, тоа се сигнализацијата, струјата, информатичкиот систем, железничката станица и паркингот. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при денешниот увид на градбата рече дека пругата ќе биде пуштена во употреба до Нова година.

 

„Ова беше проект со многу технички проблеми и проблеми во изведба. Имаше претходно изведувач кој не ги завршуваше работите. Вложивме голем напор за да се надминат проблемите како од технички, така и од финансиски аспект. Железничката пруга со сите свои сегменти ќе биде завршена до крајот на оваа година. Можно е да биде пуштена во употреба до 31 декември. Целокупните градежни работи се завршени, останува да се надеваме дека до Нова година ќе ги видиме и првите возови како ќе поминат низ оваа пруга“, рече Анѓушев.

Тој додаде дека овие проекти имаат двојна улога, од една страна ја подобруваат инфраструктурата и даваат можност стоката што се произведува во Македонија да има побрз пристап до Солунското пристаниште, а овозможуваат и побрз транспорт на граѓаните и подобра комуникација со Грција. Втората улога е што овие проекти го заживуваат градежништвото и сериозно влијаат врз БДП.

„Ако сакавте да извезете стока од Битола каде било преку Солунското пристаниште досега мораше да одите до Неготино, па до Гевгелија, сето ова ќе го поевтини транспортот на битолскиоте производи и ќе ги направи конкурентни“, рече Анѓушев.46506304 411620229374004 6778839551491178496 n

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека битолчани ќе можат и со железнички сообраќај да патуваат до Солун, голема ќе биде и економската придобивка, а ваквиот вид на сообраќај е и еколошки.

„Конечно, по повеќе од 30 години добиваме сериозен реконструктивен зафат на железничкиот сообраќај во нашиот регион. Крак кој е значаен од Велес, Прилеп, Битола, па се до Солун. Значаен е за витализација и давање на дополнителен импулс за стопанството во Битола и целиот Југо-западен Регион. Значајно е што имаме и крак кој влегува во индустриската зона Жабени, што претставува сериозна помош за стопанствениците, но и можност за привлекување на нови инвеститори во зоната“, рече Петровска 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески рече дека за превоз низ пругата ќе се користат дел од локомотивите кои ќе поправени, а сѐ друго што е неопходно ќе се набави.

„Најбитно за нас во моментот е да овозможиме оваа пруга да биде функционална. Во делот на возобновување на возовите размислува Владата, а со вицепремиерот и со директорите на Транспорт и железници сме разговарале за поправките во делот на локомотивите да се направат и се разбира дека дел од тие локомотиви ќе бидат во употреба, а се она што треба дополнително да се набави ќе биде од наша страна направено. Оваа пруга целта е да биде функционална и граѓаните да ги користат два , три или дополнително колку треба возови да бидат набавени, доколу е потребно“, рече Сугарески.

Пругата од Битола за Грција ќе биде ставена во функција по 32 години. Проектот за нејзино обновување беше едно од големите ветувања на претходната власт, но тогашниот бугарски конзорциум не ја изгради пругара, ги проби роковите , а подизведувачите ги остави со празни џебови. Новата Владата во пролетта вети дејка до ноември ќе се изгради пругата и таа забрзано се градеше изминатите месеци. Станува збор за проект од 17,2 милиони евра од кои 6 милиони евра се ИПА средства, а 11 милиони евра се средства од буџетот на Македонија.

Со претходната компанија која не ги исполни договорите Македонија води судски спор.

„Има два чекора, првиот е BАB ( БИ-ЕЈ-БИ) механизам, а потоа арбитража, арбитража сега нема, тука има сега BАB прцес кој Македонија сега во прв чекор го доби“, рече Анѓушев.46523811 249649645950707 8286591449999343616 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани