АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Успешно се реализира волонтерска акција за чистење на зеленилото од отпадоци околу базенот во село Дихово, позната рекреативна и излетничка зона на битолчани. Акцијата беше повеќе од неопходна со оглед на количината на расфрлан отпад таму. Во акцијата се вклучија околу 80 граѓани од Битола, претежно млади лица, средношколци од гимназијата „Јосип Броз Тито“ и медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“, граѓански активисти, претставници на локални компании и локалното население од с. Дихово. Резултатот е собрани 65 вреќи со ѓубре кои што во соработка со ЈП Комуналец од Битола веднаш беа отстранети од локацијата и транспортирани.
Волонтерската акција е дел од проектот „Зелен фото глас“ што се реализира од страна на Младинскиот културен центар – Битола во соработка со 15 средношколци од СОМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, сите членови на неформалната група „Мети си со класнето“ под раководство на професорката Марија Магдалена Петковска Микаровска.
„Зелен фото глас“ е иницијатива насочена кон креирање на одржлива локална платформа за мобилизирање на заедницата за чистење на градот од малите диви депонии, за што се потребни заеднички, синхронизирани акции од страна на граѓаните и надлежните институции.
Особен акцент се става на средношколците со кои работиме на еко активизмот и вклучувањето во еколошки кампањи, но целта е и да се поттикне волонтерскиот дух кај граѓаните со цел ваквите акции да станат многу попорисутни во нашето секојдневие.
„Зелен фото глас“ се реализира со поддршка на Институтот за комуникацииски студии, преку ЕУ фондови.