АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Препознатливиот далматински мелос, на 2 јуни во петок во Офицерскиот дом во Битола ќе го донесе далматинската машка клапа „Жрновница“, а по повод Денот на државноста на Хрватска. Настанот е со почеток од 19 часот. Оваа манифестација веќе традиционално е во организација на Хрватскиот културен центар и Македонско -хрватското друштво „Марко Марулиќ“ – Битола, а оваа година во соработка со КИЦ.-Офицерскиот дом.
Клапатa „Жрновница“ доаѓа од истоименото место, предградие на Сплит, Хрватска. Континуирано работи од 2008 година, а е основана од нејзиниот долгогодишен водител, маестро Марко Марин. Имаат учествувано на многу фестивали, концерти во Хрватска и во странство, настапувале во Франција, Италија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, на Хрватскиот музички фестивал во Виена, Австрија, Словенија, Чешка и со задоволство како што ни изјавија, настапуваат на бројни хуманитарни и други културни настани.
Клапата негува полифоно пеење на далматинскиот мелос, а во својот репертоар, покрај традиционалните „а капела“песни, изведуваат и далматински песни со инструментална придружба на мандолина, гитара и бас. Изведуваат композиции од духовен карактер, класични композиции, аранжмани на популарни композиции, а негуваат и традиционално народно пеење.
Во програмата за одбележување на овој значаен празник за хрватската историја, народниот театар од Сињ ќе ја изведе претставата „Семејна идила“ од М.Ненадовиќ, адаптација и драматизација на Жељко Вицулин. Премиерата на оваа претстава беше минатата година, а по барање на публиката досега е изведена над 20 пати во Хрватска. Народниот аматерски театар од Сињ е основан во 1956 година. Во сите овие години од нивното постоење подготвиле повеќе од 160 премиерни изведби. Овие бројки покажуваат дека овој театар и покрај кратките прекини, е еден од најактивните аматерски драмски театри во Хрватска. Во последните 10 години, со континуирана и професионална работа, театарот се издигна на едно повисоко ниво по бројот на поставени премиерни претстави, како и во учества на фестивали. На одбележувањето на нивното 60 годишно постоење ја добиваат Наградата на Сплитско-Далматинскиот округ за културна промоција на градот и регионот во Хрватска и странство.