АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Работно е деновиве во ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас- Битола, каде се изведуваат повеќе реконструктивни зафати. Според директорката на Заводот Дивна Живорадиќ Најдовска се врши санација на санитарните чворови, замена на дотраениот оџак, и секако едно од најбитните зафати адаптација на простор каде ќе биде сместена најсовремена сензорна соба на овие простори.
Средствата од хуманитарниот пикник што го организираше Советот на странски инвеститори ќе бидат доделени на Завод за рехабилитација на слух, говор и глас-Битола. Директорката на Заводот Дивна Живорадиќ- Најдовска вели дека средствата ќе бидат употребени за опремување на сензорната соба во оваа институција. Висината на донацијата ќе се знае во текот на утрешниот ден.
-Советот на странски инвеститори одлучи средствата од хуманитарниот пикник да ги додели на „ЈЗУ-Завод за рехабилитација на слух, говор и глас-Битола“. Средствата ќе бидат искористени за опремување на сензорна соба во нашиот Завод. Со оглед на тоа дека се работи за поголема инвестиција секоја помош е добредојдена. Ви благодариме, вели директорката на Завод за рехабилитација на слух, говор и глас-Битола, Дивна Живорадиќ- Најдовска.
Според неа сензорната соба ќе биде од корист за децата што имаат сензорна дезинтеграција, а најмногу ќе им помогне на лицата со аутизам во процесот на нивна рехабилитација.
-Оваа донација ќе придонесе за доопремување на нашиот Завод во насока на обезбедување подобри услови за нашите деца, а компаниите на најдобар начин ја докажаа својата општествена одговорност преку организирање на ваков хуманитарен настан,вели Живорадиќ- Најдовска.
Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија го организираа четвртото издание на традиционалната манифестација т.н. „Светски пикник“, во Градскиот парк во Скопје.