АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Седум улици во Долно Оризари за првпат добиваат асфалт. Пет се веќе завршени, а за две постапката е во тек. Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, денес на терен изврши увид во градежните активности во ова населено место, каде со инвестиција на Општина Битола, преку проектот за подобрување на општинските услуги со поддршка на проектната единица на Светска банка во Министерството за финансии, изградени се 5 улици во вредност од 3 519 265 денари.