
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По неколку часовна работа и ангажирање на екипите на јавните претпријатија, спречен е водениот налет на реката Драгор, која претпладнево откорна брег од речното корито и се закануваше на пумпната станица на ЈКП „Водовод“.
Во реката Драгор може да се види секакво ѓубре. Овде граѓаните често се ослободуваат од отпадот, по реновирање, чистење, па по течението има мебел, бела техника, градежен шут.
Акцијата за чистење на коритото на реката Драгор, која започна на почетокот на август влегува во последната фаза. Механизацијата ангажирана од ЈП „Нискоградба“ денеска беше по течението во централното подрачје, односно на потегот од Ленски мост до Дрвеното мовче.
