АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерството за финансии го објави тендерот за изградба на пречистителна станица и реконструкција и надградба на канализационата мрежа во општина Битола. Со реализацијата на проектот ќе се реши проблемот со отпадните води кои во моментот се испуштаат во реката Драгор и Петтиот канал.
Крајниот рок за доставување на понуди е до 10 февруари идната година. Во моментот, во завршна фаза е и постапката за избор на фирма која ќе го извршува надзорот.
Од Општина Битола велат дека ова е уште еден капитален проект кој велгува во влегува во фаза на реализација. Со овој проект Битола ќе добие пречистителна станица со која е предвидено собирање и третирање на отпадните води во Битола и околината.
Вкупната вредност на овој проект кој е финансиран од ИПА 2 Програмата, преку Секторот за заштита на животната средина и климатски промени и Владата на Република Северна Македонија, изнесува 27,8 милиони евра.