2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ОТСТРАНЕТА ОПАСНОСТА ЗА ПУМПНАТА СТАНИЦА НА „ВОДОВОД“ И ВОДОСНАБДУВАЊЕТО НА ТРИТЕ ОПШТИНИ

Јануари 10, 2021

По неколку часовна работа и ангажирање на екипите на јавните претпријатија, спречен е водениот налет на реката Драгор, која претпладнево откорна брег од речното корито и се закануваше на пумпната станица на ЈКП „Водовод“.

„Неодамна поставениот потпорен ѕид, даде свој придонес во заштита на станицата, но и во целосната заштита од излевање на реката“, информираат од Општина Битола. 

Водата повторно е вратена во коритото на реката, кое претходно беше изместено поради уривање на дел од брегот од надојдените води на Драгот. 

Екипите остануваат на терен и натаму, а ќе се работи до раните утрински часови, според потребите.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани