АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението за негување на културното и обичајно наследство „Завештание“ - Бабино (Демир Хисар) по петти пат, викендов ја одржа книжевната манифестација исто така насловена „Завештание“ во двориштето на храмот „Св. Ѓорѓи“ во Слоештица, родното село на писателот Петре М. Андреевски.
Неколку часовната програма беше обогатена со промоција на „Зборник“ со трудови од минатата година, промоции на книгите поезија: „Алхемија на вечната земја“(Лили Бошевска), „Забрането овошје“ (Никола Илиовски), „Навите“ (Радован П. Цветковски), изложба и поетско читање.
Демирхисарскиот предел не престанува да ги маѓепсува уметниците со неговите природни убавини
Овде се излегува „На мегдан за татковината“, со созвучјата на поезијата, измолена од перото на Раде Силјан, поет библиофил и еден истакнатите македонски книжевници на новото време. Можат да се насетат детските патеки, развигори и долови на детството на еден од најпознатите писатели за деца - Горјан Петрески.