АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За поголема безбедност на пешаците и за уредување на пешачките зони во завршна фаза е изградбата на тротоарите и пешачките патеки во населбата Мал Париз во Битола. Оваа фаза е дел од проектот Изградба на улицата „Даме Груев“ во населбата Мал Париз. Новите тротоари и пешачки патеки во оваа фаза ќе бидат изградени во делот, каде што е завршена постапката за експроријација на земјиштето, во должина од 1000 метри. Истите беа дел од големите инфраструктурни потреби на жителите од оваа населба од периферијата на градот .