АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од битолската Априлијада ги издвојуваме костимите на паралеката II в од ОУ „Даме Груев“ во Битола, под менторство на наставничката Гордана Јанкуловска. Ученичиња семафори-ем едукативно, ем креативно. Во изработката на костимите учествуваа и наставничката и учениците и родителите. Одличната соработка даде одличен резултат.
За в.д директор на ОУ Даме Груев, назначена е Биљана Дамчевска Бакиевска, дипломиран учител вработена во училиштето. Дамчевска Бакиевска, доаѓа на местото на досегашниот директор Роза Јовановска.
Основното училиште „Даме Груев“ од Битола, основано далечната 1948 година, каде низ годините многу генерации се образуваа и воспитуваа, денес го прослави 73 патрон празник.
Од училиштето соопштија дека по повод патронот се реализираа многу активности, но сите со почитување и запазување на мерките за заштита од корона вирусот. Активностите за поголема организираност беа реализирани на ниво на стручните активи во училиштето. Во нив учество зедоа голем број наставници и ученици од прво до деветто одделение.
Дел од тие активности беше и промоцијата на Еразмус проектот ,,Game on,,.Детскиот парламент, пак, кој реализирашеработилница на тема: ,,Различни форми на слободата“ во кој учествуваа сегашни, но и некогашни ученици од ОУ ,,Даме Груев,, а денес истакнати општествени личности.
Се организираше ликовен и литературен конкурс. Литературните творби беа поместени на страниците на училишниот весник, кој како и ликовната изложба е во електронска форма. Учениците од 4 б учествуваа во ,,Новогодишна уметничка работилница за деца“ како дел од ,,Зимска приказна,, на Општина Битола и во реализација на Владо Ѓоревски Рафик.
На денешниот ден по повод празникот се организираше и кратка приредба каде учество зедоа ученици кои реализираа историски час посветен на Дамјан Груев. Приредбата ја збогатија соло настапите на повеќе ученици со музички точки, а беа доделени дипломите на учениците кои беа наградени и пофалени од ликовниот конкурс.