2win800x200

Дваесетина ученици од Битола учествуваа на интеркултурна размена во Детското село Песталоци во Троген, Швајцарија во периодот од 10 до 28 септември. На оваа размена учествуваа ученици од Швајцарија и Србија. Преку едукативни и интерактивни работилници, учесниците на кампот учеа за правата на децата, карактеристиките на различните култури, идентитет, дискриминација, насилство и други теми поврзани со глобалните предизвици на современото општество. Во тој период на заедничко живеење учениците имаа можност да стекнат вештини кои се неопходни за денешниот живот, а слободното време го поминуваа во младинскиот клуб каде имаа можност да се изразуваат преку различни медиуми и да другаруваат.

бла 2

Учениците имаа можност да се стават во улога на новинари, да прават интервјуа  и да продуцираат радиоемисија која може да се проследи на следниот линк: https://www.powerup.ch/podcasts

бла 1

За време на викендите учесниците имаa организирани екскурзии во Цирих, a исто така имаа можност да ги посетат и водопадите на реката Рајна, Констанс и Музејот за наука Технорама.

Во оваа размена беа вклучени ученици од две основни училишта од Скопје и три од Битола. Од Битола беа вклучени училиштата ОУ „Гоце Делчев“, ОУ„ Ѓорги Сугарев“ и ОУ„ Крсте Петков Мисирков“-Бистрица. Учениците беа под супервизорство на наставничките Елена Милошевска, Ирена Миленковска и Маја Илиевска. Оваа активност се реализираше  во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование – МЦГО Скопје, во склоп на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка со општините“, финансиски подржан од Детската фондација Песталоци.

бла 3

Би сакале да изразиме благодарност до директорите на училиштата кои ни дадоа максимум подршка и доверба во реализација на ваквата активност, велат наставниците вклучени во проектот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани