2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Се асфалтира патот од село Скочивир до река Коњарка, поточно до познатото излетничко место на истоимената река. Патот што се асфалтира, а досега беше земјен и со чакал е во должина од три километри. Станува збор за инфраструктурен проект финансиран од ЈП за државни патишта на РСМ во соработка со општина Новаци. Со ова жителите од овај регион добиваат пристапен патен правец до едно од омилените излетнички места во новачкиот крај и збогатување на туристичката понуда.

„Изградбата на овој патен правец е од големо значење за жителите од овој крај .Не само што го зголемуваме квалитетот на живот на локалното население градејќи инфраструктура за сите, ја зголемуваме и туристичката понуда за овој крај кој располага со бројни културно -историски споменици кои датираат од Прва светска војна, олеснувајќи го пристапот до нив .Отсега за љубителите на убавата природа, рекреативност и одмор и излетничкото место на река Коњарка ќе биде подостапно", истакна градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски.

Руската принцеза Александра Наришкина ја водела руската болница во реонот на мариовското село Скочивир за време на Солунскиот фронт. Ова е запишано на информативните паноа прикачени крај селото кои содржат информации за воените дејствија во регионот.

Имено, во околината на Битола во периодот на воените дејства од 1916 до 1918 година постоеле повеќе болници, истурени санитетски единици на сите армии вклучени во војната на ова подрачје. Една од најзначајните болници се наоаѓала во село Скочивир, а формирана и раководена од руската принцеза Александара Наришкина. Таа во 1916 година отворила болница за сојузничките воени единици во Солун, а една година подоцна свој оддел оваа болница имала и во Скочивир во Мариово. 35881879 405097096640329 1971961447147634688 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани