АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Струшкиот градоначалник Мерко најави дека регионалната депонија за општините од Југозападниот и Пелагонискиот Регион ќе биде во Новаци. Што е досега преземено?
Што се однесува до регионалната депонијакоја која што како проект е отпочната во 2004 година и последователно сите овие години била на некое ниво актуелизирана за да се издигне како проект кој што ќе не доближи до ЕУ регулативите во делот на третирањето на отпадот и максимална заштита на животната средина, до ден денес не е ништо конкретно преземено. На ден 17.03.2022 година добиен е допис од МЖСПП во кој од општините во југоисточниот регион се бара да номинираат лица кои заедно со Министерството ќе работат на подготовка на документацијата и формирање на заедничко јавно претпријатие за управување со регионалната депонија.
-Дали беше побарано мислење од Општина Новаци дали сакатерегионалната депонија да биде на ваша територија?
Сите овие години оваа тема е актуелизирана во неколку наврати за да во 2017 година се дојде до некаква финална одлука за која што жителите на Општина Новаци во 7 месец 2017 година на јавна расправа биле прашани и дале зелено светло.
-Кој пинцип на работа со сметот ќе биде применет?
Точно е тоа дека Општина Новаци се јавува како општина на чија што територија планирано е да се изгради регионалната депонија која во суштина би требало да биди фабрика која што ќе го селектира и рециклира целокупниот отпад од кој органскиот отпад ќе биде подложен на процес на анаеробна ферментација од што би се добило биогас кој би се користел за производство на електрична енергија. Другиот отпад ќе се селектира на посебен начини ќе се пренасочува на финална рециклажа онаму каде што е наменет.
-До која фаза се наоѓаат тековните работи за изградба на оваа регионална депонија?
Во овие 5 месеци од кога сум јас градоначалник на Општина Новаци ова се информациите кои се стигнати до мене. Во овој момент од мене не се бара согласност од МЖСПП затоа што согласноста е дадена во 2017 година како од страна на локалното раководство така и од срана на жителите на Општина Новаци. Од мене се бара само соработка и вклученост на општината во понатамошните процеси кои ги диктира министерството.
-Дали е оправдан стравот кај населението дека депонијата ќе значи дополнително загадување на средината?
Според она што како е замислена да функционира регионалната фабрика за рециклирање на отпадот која впрочем треба да ги задоволува сите ЕУ регулативи за модерна депонија мислам дека загадувањето ќе биде сведено на минимум за разлика од она што сега се случува со депонијата Мегленци која не задоволува никакви стандарди и услови и екстремно ја загадува животна средина во пелагонискиот регион.Регионалната депонија која се планира да се изгради секако ќе биде можност за нови вработувања за локалното население со што ќе допринесе за дополнителен економски развој на нашата општина
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци Стевче Стевановски воедно е и претседател на Општинската изборна комисија во оваа општина, која е одговорна за законски спроведување на престојните претседателски избори.
Жители на пелагонската општина Новаци прашуваат дали Стевановски законски и морално може да ги извршува и двете функции без при тоа да не се повреди начелото на непристрасност.
„Лобира за еден од кандидатите за претседател, а е главен на ОИК“, велат жители од Новаци
Тие велат дека Стевановски во предизборието е активен во населените места и лобира за еден од кандидатите за претседател.
(Фото: Од предизборните активности за претседателските извори, на фотограгијата се и локалниот координатор Стевче Стевановски и претседателот на паријата ВМРО-ДПМНЕ. Фотографијата е од фб страницата на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци)
Стевче Стевановски, од 2015 година е вработен во Општина Новаци на работно место советник за легализација на земјоделско земјиште, а од 2016 година е избран за претседател на ОИК во Новаци. Додека пак, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Новаци е од 2013 година.
Стевановски: „Тоа што сум претседател на Општинскиот комитет, нема врска со ОИК“
Стевановски за Апла.мк вели дека не гледа конфликт на интереси што во исто време е претседател на ОИК и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Новаци.
-Досега како претседател на ОИК во Новаци сум поминал и парламентарни и локални избори и референдумот. Не сум имал никакви забелешки од ДИК за мојата работа. Законот е јасен, јас можам да ја напуштам позицијата на претседател на ОИК , само заради здравствени причини или патување во странство. А ако некој намислил да ме менува, тоа нема да се случи, зошто работам професионално и по закон. Ми останува уште една година од мојот мандат како претседатл на ОИК-Новаци и тоа значи дека останувам на оваа позиција. Тоа што јас сум претседател и на ВМРО-ДПМНЕ , тоа нема врска со моите активности, вели за Апла.мк Стевановски.
(Фото: Еден од митинзите на кои и Груевски говореше во Новаци, а на кој беше присутен и сегашниот претседател на ОИК )
Од ДИК велат случајно бил избран
Од ДИК за Апла.мк одговорија дека законот не предвидува судир на интереси од ваков вид кога претседател на ОИК е и претседател на политичка партија во едно населено место.
„Во случајот нема законски пречки. Во изборната администрација се избираат лица по случаен избор од редовите на државните службеници. Предвидено е во законот од кои органи не може да се членови во ОИК, но не за ваков случај“, рече портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска.
Таа вели дека досега не им било алармирано за друг ваков случај како во Новаци.
И други високи партиски функционери биле први луѓе на ОИК
Во другите општини во Пелагонија нема друг случај претседател на партиски огранок да е и претседател на Општинската изборна комисија. Но, сепак на чело на комисиите има и лица кои долго време биле партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Таков е примерот со Могила каде претседател на ОИК е Славко Велевски кој дури четири мандати беше градоначалник на Општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Правниците гледаат конфликт од морален и етички аспект
Стручњаци од правната фела за Апла.мк велат дека со извршувањето на двете функции се доведува во прашање објективноста и непристрасноста.
-Од формален аспект можеби е во ред што лицето во исто време е претседател на ОИК и претседател на политичка партија во таа општина, но од морален и етички аспект тука би можело да има конфликт на интереси ако говориме со политички речник. Тоа е една слична ситуација кога еден судија се иззема од предметот заради тоа што е во роднинска или било каква друга врска со еден од странките во тој предмет. И самиот закон предвидува „други околности што би влијаеле на пристрасноста“. Некои закони треба да се ревидираат зошто вакви какви што се, отворено се доведува во прашање начелото на објективност при постапувањето за време на изборите од лицето Н.Н, вели долгогодишен битолски адвокат.