2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Од утре, 17 јуни, се отвораат сите гранични премини со примена на мерките што се активни, при што за влез во  Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, одлучи Владата на денешната седница.

Сообраќајната раздвиженост на граничниот премин „Меџитлија“ претпладнево е зголемена поради продолжениот викенд. На „Меџитлија“ се чека од 15 до 30 минути. Автомобили со битолски и грчки регистарски таблички чекаат за излезе од Македонија во две колони.

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Претставници на надлежните институции кои работата на процедурата за отворање на новиот граничен премин меѓу Македонија и  Грција во Преспа, завчера одржаа работен состанок на локацијата Маркова нога, за размена на идеи за неговото функционирање

markova noga 1

Спогодбата меѓу Грција и Северна Македонија за отворање на граничен премин кај Преспа, следната седмица ќе биде ратификувана од грчкиот Парламент, по што ќе следи и министерска одлука и соодветен претседателски декрет, соопштила алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за време на состанокот во грчкото МНР за новиот граничен премин, јавува МИА

Анагностопулу ги повикала сите надлежни служби „на најдобар можен начин да го сторат она што е потребно за спроведување на спогодбата за граничниот премин“.

На состанокот бил презентиран текот на истражувањето (патно поврзување, градежни објекти за полицијата и царинските власти и сл.), а било разгледано и доставувањето предлог за приклучување кон Европската програма INTERREG.

-Како што е одредено во спогодбата, во рок од 30 дена од ратификацијата, ќе биде формиран Мешовит комитет на експерти за спроведување на договорот, во кој ќе учествуваат претставници од Грција и Северна Македонија, соопштуваат од грчкото МНР.

На состанокот било истакнато дека отворањето на граничниот премин е долгогодишно барање на локалното население од Преспа, поддржано од општината и надлежната периферија за надградување на поширокиот регион и за туристички развој.

markova noga4

markova noga 3

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани