
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 26.10.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А. Д.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, пиштоли и куршуми.
Двајца битолчани и двајца скопјани биле уапсени откако полицијата кај нив пронашла паковки со хероин, информира СВР Битола.
На уапсените им е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а судија за претходна постапка од Основен Суд Битола им одреди притвор од 30 дена“, соопшти портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова.
Завчера кај месноста Стрежевски пат, во близина на селото Могила, полицајци од ПС Битола и од Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје ги уапсила З.Б.(25) и Ѓ.Ч.(30) од Битола и С.М.(38) и Р.Б.(26) од Скопје.
Кај нив биле пронајдени и одземени 89 грама хероин.
