2win800x200

За една недела во Битола, Прилеп и Демир Хисар полицијата одзеде различни видови дроги и лиши од слобода 12 лица

Август 18, 2023

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Битола насочени против недозволената трговија со дрога, само во последната недела извршија неколку претреси во дом и други простории, прегледи на лица, легитимирања, при што лишија од слобода 12 лица и пронајдоа и одзедоа различни видови на дрога како марихуана, хероин, амфетамин, дигитални ваги и други предмети.

Имено, На 17.08.2023 во 20.40 часот на ул. „Никола Георгиевски Никлец“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода С.О. (25), С.К.(34), Р.О.(19), Ќ.К.(21), А.Ј. (26) и Ф.Ф. (29), сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Р.О. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 17.08.2023 на крстосница пред с.Кутретино, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Димир Хисар го лишија од слобода В.И.(22) од с.Белче, демирхисарско, затоа што при преглед кај него, во возилото во кое бил и во близина на возилото била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 16.08.2023, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, лишен е од слобода И.Р.(45) од Битола. Тој се барал со наредба од Казнено-поправната установа- Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од 3 години и 6 месеци. Лицето е приведено и ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна.
 
На 16.08.2023,полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.В.(47) од Прилеп. Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во викенд куќа лоцирана во с. Старо Лагово, прилепско, сопственост на Д.В., и пронајдена и одземена е кафеава прашкаста материја и дигитални ваги.
 
На 16.08.2023 на ул.„Питу Гули" во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола од А.Б.(41) од Битола одзедоа пакување со прашкаста материја.
 
На13.08.2023 во угостителски објект на „Градско шеталиште“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција го лишија од слобода О. К.(33) од прилепско затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. На 10.08.2023 на патот за с.Раштани, битолско, криминалистичката полиција при СВР Битола од К.З.(34) од Битола одзеле марихуана. Сите лица се приведени во полициските станици и по документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
 
 
 
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани