АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владо Атанасовски е избран за извршен секретар на Либерално-демократската партија за петата изборна единица и дел од четвртата; Могила, Новаци, Кривогаштани, Долнени и Прилеп.
Атанасовски е едногласно избран на функцијата која е со мандат од четири години. Тој е меѓу шесте извршни секретари на ЛДП, а неговиот избор доаѓа по предлог на генералниот секретар на Либерелно-демократската партија, Боби Мојсовски. Претходно оваа функција ја извршуваше Валентин Груевски.