2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Дури 18 проценти од младите во Македонија работат онлајн за странски компании, а ваквиот начин на работа е можност да се намали нивното иселување од државата, беше кажано на панел дискусијата за подобрувањето на онлајн вработувањето и издржливоста на младите луѓе во пост-ковид дигиталната ера, што се одржа во Битола.

 

„Онлајн вработувањата, односно дигиталната ера после ковидот зедоа голем замав и во тоа ќе биде иднината. Младите се адаптираат на тој начин на работа и команиите мора да бидат флексибилни за далечинско работење. Од последната наша статистика, 60 проценти од младите се насочуваат кон дигиталната работа. Имаат слобода и услови за работа и добро е платено. Се намалува процентот на младинска невработеност“, рече Александра Митревска од „Нејтив тимс“, компанија која се занимава со олеснување на алатките за наплата и вработување на фриленсери во Македонија и 60 земји низ светот. 

Милчо Дули, претседател на здружението „Сфера интернешнал“ од Битола, рече дека за време на ковид-периодот процентот на млади кои работеле онлајн пораснал за 15 проценти. Тој процент продолжува да расте, а во ИТ-индустријата платите се повисоки од просечната за 50 проценти.

„Од компјутер работат за странски компании, со што остануваат во нашата држава, а ги имаат вештините да знаат да препознаат добра работа и профитот ќе го користат тука. На вебстраницата која ја направивме можат да научат многу нови комуникациски и лидерски вештини, но и да се обучат за правни работи, за да бидат заштитени кога работат онлајн“, рече Дули.

Настанот се одржа во Europe Hause во Битола.  

Ж.Здравковска  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани