
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советот на Општина Битола денеска не ја изгласа реализацијата на краткорочните мерки за справување со загадувањето. Опозицијата предложи Општината во соработка со Агенцијата за патишта да забрани движење на товарни возила во центарот на градот, освен за оние за снабдување со леб и лекови.
Да се направи ребаланс на буџетот побара од Советот градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Веднаш по превземањето на функцијата Петровска, со своја екипа, почна да прави анализа на финансиската состојба на општината, на она што наследила во општинската каса и колкави се долговите.
Борче Димитровски, поранешниот директор на Центарот за култура-Битола , сега советник во Советот на општината , вчера зборувајќи од советничката говорница, дали треба или не треба , да се формира комисија за испитување на работата на Општината и бившиот градоначалник Талески, не пропушти сам да се пофали, како директорувал и што практикувал.
Валентин Груевски, новиот претседател на Советот на Општина Битола му одржа „лекција“ на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ , Борче Димитровски, инаку адвокат по професија, што значи да се има процедурална забелешка на водењето на седницата на Совет, а што значи политички говор и злоупотреба на говорницата .
Конституиран е новиот Совет на општина Битола. Сите членови денес ги потпишаа свечените изјави дека правата и должностите како советници ќе ги вршат совесно почитувајќи го Уставот, законите, прописите на Советот и дека ќе го штитат уставниот поредок на Република Македонија.
