Валентин Груевски му одржа „лекција“ на Борче Димитровски што значи процедурално

Ноември 01, 2017

Валентин Груевски, новиот претседател на Советот на Општина Битола  му одржа „лекција“ на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ , Борче Димитровски, инаку  адвокат по професија, што значи да се има процедурална забелешка на  водењето на седницата на Совет, а што значи политички говор и злоупотреба на говорницата .

 

На денешната седница на Совет откако независната  советничка Габриела Илиевска,  достави предлог до Советот за донесување на Одлука за формирање на привремена комисија за испитување на работењето на Општина Битола и поранешниот градоначалник, Владимир Талески  , координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Димитровски излезе на говорница барајќи да зборува процедурално, но наместо тоа почна да советува дека  Советот несмее да  биде суд.

 -Би сакал процедурално да се осврнам на предлогот на Илиевска, наш став е дека несмееме како Совет да дозволиме да бидеме суд. Доколку мнозинството  ја поддржи оваа комисија тоа би било политиканство, и намерата е во идните четири години да се дефокусира јавноста со навраќање во минатотo. Јас како правник и адвокат многу ми се јасни формално-правно ингеренциите на Општината, на Советот и многу јасно се поставени останатите институции, коишто во овој момент се во рацете на СДСМ. Ние веруваме во индивидуалната одговорност на секого, па и на поранешниот градоначалник Владимир Талески. Но сепак има начин како тоа да се докаже. Не би сакал во следниот период да правиме циркузијада, рече Димитровски.

Неговиот говор со внимание го ислуша претседателот на Совет, Груевски  за потоа  детално  му објасни на Димитровски , но и на останатите советници што значи процедурална забелешка за дневниот ред, а што злоупотреба на говорницата.

-Процедуралната забелешка е во однос на водењето на седницата и каде има кршење на статутот и деловникот на Општина Битола. Меѓутоа намерно ве оставив зошто ви е прва седница,прв мандат. Вие одржавте еден политички говор, тоа во иднина ниту на вашата советничка група, ниту на мнозинството нема да им биде дозволено да ја злоупотребуваат говорницата. Секој од советниците има право да предложи точка на дневен ред и соодветно да ја образложи, а сите останати немаат право да дискутираат по точката на дневен ред. Тоа така ќе го правиме секогаш во иднина- возврати претседателот на Совет, Груевски..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани