АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката Наташа Петровска, вечерва, најави скромна прослава за роденденот на Битола, а дел од средствата предвидени за таа намена ќе бидат пренаменети во други цели. Но, сепак таа посочи дека општината има и изненадување за битолачани.
-Ќе имаме мало изненадување, нешто што не сме го имале во изминатите години, но тоа ќе го оставам граѓаните да го видат во сабота, на 4 Ноември, на Денот на ослободувањето на градот. Во еден дел ќе бидеме малку покскромни, а дел од средствата ќе ги насочиме онаму каде што цениме дека е најпотребно. Ќе има мали промени, но нема да откривам засега ништо, рече Петровска .
Со неколку активности во текот на денешниот ден Битола започна со реализација на програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на градот, 4-ти Ноември.
Попладнево во битолската библиотека, концерт одржа пензионерксата пејачка група „Сирма Војвода“, а во рамките на Европската недела на мали и средни претпријатија 2017, Младинскиот културен центар од Битола во соработка со Европската бизнис асоцијација организираше „Конференција за европска недела на претприемништво“.
Вечерва во 20,30 часот, во кугларницата на Спортската сала „Младост“ во организација на кугларскиот клуб „Хераклеа“ ќе се одржи кугларски турнир „4 ти ноември“.
Програмата на општина Битола по повод 4 ноември – Денот на ослободувањето на градот, започна на 27 октомври со 25 издание на интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“, а предвидени се повеќе содржини кои се ќе се реализираат и во текот на утрешниот ден, а централната прослава ќе се одржи во сабота, на 4 ноември, кога ќе се додели и 4 –то ноемвриската награда