АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Државните електрани и „Гирисим Електрик” од Турција денеска во Владата потпишаа договор за изградба на фотонапонската електрана „Осломеј“ со инсталирана моќност од 10 мегавати, во вредност од седум милиони евра. Од нив 5,9 милиони евра се заем од Европската банка за обнова и развој, а 1,1 милион сопствени средства од АД ЕСМ. Согласно договорот, фотоволтачината електрана треба да биде изградена за 10 месеци и од следната есен да почне со производство.
Изградба на фотоволтаична централа со јачина до 500 киловати од сопствени средства, планира ЈП „Стрежево“ од Битола. Станува збор за краткорочна или среднорочна инвестиција, од која претпијатието ќе обезбеди дополнителни приходи.