АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пазарџиите од Новиот пазар во Битола бараат државата да им дозволи во следните три дена да ги продадат веќе набавените земјоделски производи по старите цени зашто ги купиле по повисоки уште пред да биде соопштено дека ќе бидат замрзнати.
„Ќе се уништи земјоделството со овие цени. Тоа што беше стигнато од увоз го набавивме, нас никој не не информира дека ќе бидат замрзнати цените, научивме преку медиуми во понеделникот во 16 часот, а ние на тој ден од сабајле ја порачуваме робата. Владата требаше да не извести една недела претходно за да можеме да ја продадени робата. Како ние сега да ги помириме давачките по 10 000 денари за тезгите кога ни за леб не можиме да извадиме?
Нека не остават овие два-три дена да нема инспекции да си ја продадеме робата што скапо ја плативме. Доматот го купивме 94 денари како сега да го продаваме 70 денари. Требаше прво да се стопира царината каде што врват шлепери што стигаат на кванташки пазар, па доаѓаат во Битола“, рече Валентина Мицеска претставник на пазарџиите од новиот пазар ви Битола.
Тие нивните барања ги испратија до Јавното претпријатие „Пазари“ во Битола, Општината и Владата.