2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Велосипедски патеки, организирани активноси за забава и дружење на младите, згрижување на кучињата скитници, повеќе пешачки зони во градот се само дел од барањата што младите битолчани ги доставија до Општина Битола. Ова беше дел од акцијата за младински граѓански активизам “Во каков град сакаш да живееш? - кажи го твоето барање кон општината за Битола да биде град по мерка на младите" во организација на Еквалис. Настаните се одржаа на 30 март во три средни училишта „Јосип Броз- Тито“, „Таки Даскало“ и „Ѓорѓи Наумов“, а потоа беше побаран прием кај градоначалникот за младите да му предадат барањата.

338914487 598912692129669 7620752965513713987 n

„Организиравме акција за собирање на мислења, идеи и потреби од нашите соученици. Сакаме да бидат чуени потребите на младите. И сакаме Битола да биде град на младите, да живееме овде наместо да се иселуваме ви странство“, рече Емилија Трампевска , ученичка во „Таки Даскало“ Битола.

338906491 1620008138465702 5306094833919652322 n

На повикот од организацијата „Еквалис“ - за учество на младинска програма за активно граѓанство во Битола учествуваа 20 младинци, студенти и средношколци од Битола. Програмата ги опфати темите за човекови права, стереотипи/ предрасуди, опасноста од лажните вести, демократски систем и граѓанско општество, форми на граѓански активизам - со акцент на развивање на дух на меѓусебно почитување и соработка. Програмата имаше и мултиетничката компонена, па една третина од од учениците беа Роми.

„Младите луѓе од нашиот град се жедни за содржини кои ќе им дадат културна и социјална вредност на нивните младешки животи. Низ шесте работилници учесниците учеа нови информации, разменуваа мислења и знаења кои ги имаа стекнато, а најмногу учеа по методот учење преку правење. Сите идеи произлегоа од самите учесници, јас како тренер и организацијата Еквалис која го отвори повикот стоиме како логистичка и менторска поддршка. Настанот е насловен "Битола- град по мерка на младите" и има за цел прибирање на информации кои сѐ потреби мислења и идеи ги имаат младите луѓе во нашиот град. Кои содржини и потреби ќе им го збогатат квалитетот на нивниот младешки живот“, рече Денис Арслановски, тренер.

339037442 904888224067275 5753801824446176277 n

Собраните информации беа адресирани до носителите на одлуки, а организаторите изразија надеж дека потребите и барањата на младите луѓе се приоритет во нашето општество и треба да им се даде простор поактивно да учествуваат во демократските процеси во нашиот град.

„Соработката со школите и општината досега беше одлична, ја поддржа и програмата и оваа младешка иницијатива. Тоа многу ме радува, бидејќи на тој начин им даваме можност и поттик на младите да бидат поактивни граѓани. Акцијата се одвива во школските дворови на три средни училишта - кои многу срдечно одговорија на сите барања за изведувањето на настанот. А, особена поддршка дадоа професорките Весна Мундишевска Вељановска и Живка Танушевска од ‘Таки Даскало’ кои споделија многу од нивните ресурси и вклучија многу ученици“, додаде Арслановски.

338912488 938803683796489 9126740510774037409 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани