2win800x200

Светскиот ден на стари лица, први октомври, Секцијата на жени од Здружението на пензионери Битола, Новаци и Могила го одбележа скромно, со посета на старите лица сместени во Јавната установа за стари лица ,,Сју Рајдер“ Битола. По тој повод Секцијата донираше сезонско овошје за штитениците на домот.

„Средбата и разговорот со нив беше топла и добредојдена. Им посакуваме здравје и долг живот, со желби повторно да се сретнеме“, рече Даница Петличкова, претседателка на Здружението на пензионери од Битола.

387505543 683391670385668 5221255814830207992 n

С О О П Ш Т Е Н И Е !

Се известуваат пензионерите од Општина Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека во мeсец септември и почетокот на октомври ке се организира и реализира планираната есенска екскурзија.
Сите заинтересирани пензионери можат да се пријавуваат кај председателите на ограноците и да презентираат лична карта и талон од пензијата.
Предност ќе имаат пензионери кои досега не ги искористиле планираните екскурзии.
Времето и релацијата на екскурзијата ги договараат председателите на ограноците со пензионерите.
 
Здружение на пензионери Битола

Собранието на Здружението на пензионери од Битола ја одржа четвртата седница на која беше разгледан полугодишниот финансиски извештај за работата на Здружението од први јануари до 30 јуни 2023 година.

На седницата беше истакнато дека вкупните приходи се во согласност со планираните, додека вкупните расходи за овој период се во согласност со реализираните активности планирани со годишната програма. Полугодишниот финансиски ивештај на Здружението на пензионери беше едногласно усвоен.

Здружението на пензионери Битола на пензионерите кои живеат во руралните средини во општините Битола, Новаци и Могила, а се со ниски примања, осамени и немоќни, им додели пакети со прехрамбени производи. Дел од оваа донација беше од СЗПМ, средства добиени од апликацијата на проектот ,,Рурален пензионер'' и дел од Здружението на пензионери Битола.

359795914 603015761821102 7342220262790112574 n

360042784 1789634641452460 6306397635518608280 n

361092886 280485127991952 454767119384629952 n

Како ЗП Битола сакаме да ги демантираме изнесените невистини и обвинувања од страна на група пензионери на пресот одржан вчера. Ќе се задржам редоследно на сите три нивни барања со цел јавноста да ја запознаеме со вистината.

Не е точно дека СЗПМ не се залага за покачување на пензиите и дека не го отворил ова прашање.

СЗПМ перманентно работи и се залага за зголемување стандардот на пензионерите преку зголемување на пензиите. Јас сум член во ИО и Собранието на Сојузот и знам точно што се работи и што се има направено СЗПM во делот на зголемување и усогласувањето на пензиите во изминатиот период.

Имено до 2022 год. пензиите се зголемуваа само по еден основ и тоа процентот на порастот на трошоците за живот, a процентот на порастот на животните трошоци во изминатите години беше   низок (немаше пандемија немаше еконска криза) така да и порастот на пензиите беше минимално.

Со новата методологија која ја предложи СЗПМ заедно со преставници на здруженијата од Македонија, кои учествуваа на повеќе средби и дебати со преставници од МТСП, како и други релевантни институции од таа област се договорија оваа методологија да биде прифатена и инкорпорирана во закон. Тоа и се случи минатата година, а тоа значи дека пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината и тоа во март и септември согласно двата параметри и тоа 50% од процентот на порастот на трошоците за живот и 50% од процентот на порастот на платите на вработените во РСМ.

Така во 2022 год. пензиите се зголемија скоро за 10%, додека со процентите објавени во м. март 2023 год се зголемија за 8,4% и второто зголемување ке следи во м. септември. Ова е законско решение и никој не може да го промени.

Поголемо зголемување на пензиите и досега немало. СЗПМ не застанува тука и понатаму предлага и бара подобрување и усогласување со закон на минималната пензија со минималната плата. Исто така се предлага покачувањето што беше за добиено во м. Април за мартовската плата 2023 год. да се исплаќа ретроградно од месец јануари.

Околу посредувањето, набавката и цената на огревното дрво. Минатата година мораме да признаеме дека беше многу тешка. Луѓето исплашени од економската криза од гласините дека цената на струјата ќе биде висока и дека нема да ја има доволно (што се покажа дека не точно) не само пензионерите, туку и многу граѓани, кои се затоплуваа со струја, бараа да набават дрва за секоја сигурност.

Побарувачката за огревно дрво и зголемувањето и цената на нафтата и нафтените деривати доведоа до зголемување на цената на огревното дрво. Превозниците побаа 200 ден плус по метар просторен за превоз и се заканија дека нема да носат ако не им се иплати. ЗП Битола по долги преговори со превозниците ИО донесе одлука Здружението да субвенционира по 100 ден. по мпр. за количините кои не беа донесени се со цел огревното дрво да стигне до пензионерите, и да не бидат изложени на дополнително плаќања.

Од друга страна, во месец август ЈП „Национални шуми“ на РМ со одлука на владата, цената на огревното дрво ја зголеми за 20%. Тоа беше уште еден шок за нас и за пензионерите Брзо реагиравме, а имавме и среќа што директорот на ЈП „Национални шуми“ Валентин Груевски по наше упорно барање и барање од СЗПМ, тој се обврза управениот одбор на ЈП „Национални шуми“ да донеси одлука, цената на огревното дрво да остани непроменета   за договорените количини дрва за пензионерите, а парите да се уплатат 100%. Во тој период цената на пазарот на огревното дрво достигна и до 6.000 ден.

Од тие причини ИО и СОБРАНИЕТО на ЗП Битола донесоа заклучоци ЗП Битола во 2023 год. да не посредува при набавката на огревно дрво од причини што испораката доцнеше до м. февруари наредната година, односно многу пензионери во зимските денови останаа без огревно дрво.

Сепак, заради грижата на изнемоштени стари болни и осамени пензионери кои не се во состојба да се снабдуваат со огрев, повторно се одлучивме да посредуваме при обезбедувањето на огревно дрво за пензионерите, со плаќање на 5 рати.

„Цената на огревното дрво е многу висока“ Точно дека е висока. Со превозниците имавме неколку средби и бараа 5000 ден по мпр. По наше настојувавме и убедување за цената да биде пониска, укажувајќи им дека се работи за пензионери со ниски примања, болни и самци кои не се способни да набават дрва, за да на крајот се договоривме на 4.800 ден за 1 мпр. Точно е дека склучуваме договори со пензионерите поединачно за посредување при набавка за огревно дрва од причина што Подрачните служби на ЈП „Националните шуми“ Битола, Ресен, и Д. Хисар не се потпишуваа во договорите како гаранти дека ќе ги донесат дрвата на време и дека договорената цена ќе остани иста.

Договорите се склучени со превозници кои се регистрирани и лиценцирани за таа дејност, кои ни ги понудија споменатите подружници и потврдија дека добиле на тендер за сеча на огревно дрво за 2023 год.

Со приватници и поедици не сакаме да склучуваме договори и да ризикуваме затоа што имаат мали количини и нема сигурност дека ке ги обезбедат.

Нагласувам дека ЗП Битола само посредува при набавката на дрва. Плаќането да биде на рати и се грижи, на време да пристигнат до пензионерите без никаков надоместок. Како што се носат дрвата превозниците доставуваат фактури кои во договорениот рок се плаќаат на превозниците, а за кои пари прашуваат каде се и каде одат јас не ги рабирам ????

По прашањето за градскиот и приградскиот превоз- договорите за превоз ги склучи Советот на Општина Битола со превозниците, а не здружението на пензионери 

ЗП Битола до 2021 год. имаше склучено договори со 5 превозници од Битола ,пензионерите да се возат со 50% пониска цена од возниот билет за градскиот и приградскиот сообракај на определените дестинации од Советот на Општина Битола. Во почетокот на 2022 год . Советот на Општина Битола донесе одлука и склучи договори со превозниците, пензионерите во вторник и петок да се возат бесплатно. Ние оваа одлука ја поздравивме и веднаш стапивме во контакт со превозниците и побаравме да склучиме договори за останатите денови пензионерите да се возат со 50% пониска цена од возниот билет. Тие не прифатија со одговор дека доволни му се договорите со Општина Битола и дека не им се исплаќа за пензионерите да ги возат како што ние побаравме. Покасно не знаме од кои причини целодневното возење во вторник и петок им беше скратено на пензионерите и сведено на неколку саати наутро и навечер. Но, тоа се однесува на договорот што превозниците го склучиле со Општината и за тоа ние не можеме ни да одговараме, ни да бидеме прогласувани од некого за виновни.

Пензионерите револтирани доаѓаа кај нас во здружението се жалеа дека сабајле е рано за нив на вечер им е касно во зимските месеци рано се стемнува. Испративме писмо до Општина Битола за овај проблем да ни објаснат што се случува и како да го решиме со цел и во интерес на пензионерите. До денес не добивме одговор“, рече Даница Петличкова, претседател на Здружението на пензионери од Битола.  

352997058 617374910335598 4723321063052565423 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани