АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во основните и средните училишта во Битола од почетокто на учебната година до денес има вкупно 12 ученици позитивни на коронавирусот, што е 0,1 процент од вкупно 11200 основци и средношколци на ниво на општина. Тоа не ја загрозува наставата со физичко присуство затоа што нема трансмисија во самите училишта.
24-годишниот ресенчанец кој утрово починал од ковид 19 во Битолската клиничка болница, самиот потпишал дека на своја одговорност го напушта болничкото лекување. Од Министерството за здравство велат дека пациентот бил примен во болницата на 24 август како суспектен на Ковид19, имал ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, тој имал масивна бронхопневмонија, ниска сатурација, и веднаш му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка.
Се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста. Меѓу последно евидентираните хоспитализиции и смртни случаи предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта мутацијата на вирусот. Ниската стапка на вакцинација во рамки на младите групи е она што, за жал, е причина сè поголем број на заразени да бидат токму младите, кои доколку не се имунизирани можат да развијат тешка форма на болеста, која пак може да доведе до хоспитализација, а некогаш и до смртен исхо, инфомираат од МИнистерството за здравство.
На денешната седница, Владата донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50 % од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19, со поседување сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Во последните 24 часа се направени 7.084 тестирањe, а регистрирани се 1.210 нови случаи на КОВИД-19: