2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Младински културен центар - Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот ќе организира концерт во живо на ЗУЛУ 3.4 во недела на 30 април 2023 година, со почеток во 22 часот во Порта Џез во Битола.

Овој концерт по деветти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Зулу 3.4 е современ фјужн бенд од Скопје.

Зулу 3.4 е трио составено од млади професионални џез музичари чија цел е константно да ја изненадуваат својата публика со нови звуци и необични аудио-визуелни искуства кои се резултат на постојаниот еволуциски процес на мешавината од стилови и звуци. Ова трио годинава е добитник на наградата за најдобар млад македонски џез бенд, што традиционално се доделува секоја година од страна на Скопскиот Џез Фестивал.

Настанот се организира во партнерство со Порта Џез и со финансиска поддршка на Општина Битола. Влезот е бесплатен.

Повеќе од 20 компании и повеќе од 100 отворени работни позиции беа промовирани на Денот за кариера кој се реализира на 25 април 2023 година на платото во Офицерски дом во Битола.

Основна цел на настанот беше пренос на информации, мотивација и едукација на преку 200 невработени лица од општина Битола да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании од една страна и компании кои имаат потреба од работници со стручни квалификации, кои нудат слободни работни места.

Денот за кариера ја поврзува бизнис заедницата (промоција на отворени работни позиции) со невработени лица. Другиот аспект на овој настан беше мотивирање на младите да останат во РСМ, да започнат свој сопствен бизнис и/или да се вклучат во едукативни програми и да работат на сопствениот кариерен раст и развој.  Дополнително од страна на МКЦ-Битола, на апсолвентите и дипломираните студенти им се понуди и учество во иновативна дигитална онлајн платформа за претприемничко учење која ќе се реализира од јули до август 2023, а ќе финишира со еднонеделна обука во септември 2023 во Солун, Република Грција. Преку ЕНТЕГ програмата за преприемништво имаме слободни места за 24 учесници од Северна Македонија.

Проектот ЕНТЕГ е во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020  и е партнерска соработка помеѓу Младински културен центар – Битола и COSV Координација на организациите за волонтерски услуги – Прилеп од страна на Република Северна Македонија и Регионалниот фонд за развој на Централна Македонија (водечки апликант) и Техничката комора на Грција/оддел за Централна Македонија од Република Грција

мкц2

Членовите на „Младинското јадро за безбедност и здравје при работа за млади“ во Битола, под менторство на тим од Младинскиот културен центар – Битола, започна да ги пренесува своите стекнати знаења и вештини на своите врсници во средните стручни училишта.

Првите информативни сесии ги реализираа ученици од СОЕУ „Јане Сандански“ од Битола за средношколците од трета и четврта година од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола. Оваа седмица информативните сесии ги реализираа и учениците од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола за средношколците од трета и четврта година од СОЕУ „Јане Сандански“ од Битола.

Со информативните сесии се придонесе кон подигнување на свеста за значењето на безбедноста и здравјето при работа кај средношколците, подобрување на нивното знаење за улогата, потребата и значењето на безбедни здрави работни позиции, како и развој на култура за превенција кај средношколците и учество во реформските процеси за безбедност и здравје при работа во средните стручни училишта.

 уценици 0

На овие сесии претходеше формирање на Младинско јадро на млади промотори за безбедност и здравје при работа за млади, кое е составено од по пет ученици од четирите средни стручни училишта, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, СОУ „Таки Даскало“, СОЕУ „Јане Сандански“ и ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“. Младинското јадро помина низ процес на градење на капацитети и неговите 20 членови моментално се главните промотори и пренесувачи на информациите за безбедноста и здравјето при работа до младите во Битола, особено до нивните врсници.

0

За полесно и трајно пренесување на информациите изготвена е информативна брошура за безбедност и здравје при работа за млади која се десиминира до средношколците за време на информативните сесии. Предвидени се вкупно 40 инфо сесии во четирите средни стручни училишта во Битола. Во наредниот период продолжуваат информативни сесии во останатите средни стручни училишта во Битола.

Младински културен центар - Битола како дел од своите програмски активности го спроведува проектот Безбедност и здравје при работа за млади, дел од проектот “Подобрување на работните услови и безбедноста и здравјето при работа како поддршка на земјите од Западен Балкан за пристапување кон Европската Унија„ IPA/2019/413-810, финансиран од ЕУ, имплементиран од Македонското здружение за заштита при работа.

Општата цел на проектот е подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа.

Настанот за вмрежување на Локалните економско-социјални совети на тема „Социјалниот дијалог на локално ниво“ во организација на Младинскиот културен центар (МКЦ) од Битола, а финансиски поддржан од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ од Шведска, на заедничка маса ги собра сите чинители и поттикнувачи на социјалниот дијалог во Република Северна Македонија. На панел дискусиите се разви плодна дискусија од страна на претставниците од Министерството за труд и социјална политика, Меѓународната организација на трудот, Организацијата на работодавачи, Сојузот на синдикати на Македонија, Конфедерацијата на работодавачи и претставници на Локалните економско- социјални совети (ЛЕСС). Средбата на која присусвуваа 42 учесници се одржа на 22 декември 2022 година во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје како дел од прокетот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“.

Присустните во името на организаторот, МКЦ- Битола, ги поздрави извршниот директор Златко Талевски кој посочи дека средбата е одлична можност за размена на мислења, презентација на добри практики и унапредување на соработката меѓу чинителите на социјалниот дијалог. Тој истакна дека МКЦ Битола како граѓанска организација има улога да поттикне дијалог за важни општествени и социјални прашања.

мкц2

ЛЕСС поактивни од националниот економско-социјален совет (ЕСС)

На првата панел дискусија „Улогата и ефектите од досегашната пракса на социјалниот дијалог на локално ниво“, Ленче Коцевска од Министерство за труд и социјална политика рече дека за градење на консензус и демократско вклучување на главните чинители од областа на трудот на национално ниво формиран е Економско-социјален совет како трипартитно тело со претставници од Владата и социјалните партнери. Како форум за водење на социјален дијалог преку своите седници, редовно расправа за најважните предлог закони, политики и мерки од областа на трудот.

„Направените анализи покажуваат дека улогата и видливоста на ЕСС од година во година добива се поголемо значење“, рече Коцевска.

Со ваквата констатација не се сложи Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија. Тој рече дека наместо ЛЕСС да го следат работењето на ЕСС, тој го следи нивното работење. „Шест месеци не одржавме нити една седница што во услови на криза е несериозен пристап. За среќа сега почнавме да работиме. Но, ние од ССМ сакаме да им покажеме колку сериозно ги третираат партнерите во социјалниот дијалог, па, пред некој ден имаше седница на ЕСС на национално ниво, одлучивме да не присуствуваме “, рече Трендафилов.

лс4

Социјалниот дијалог функционира само ако сакаат креаторите на политиките

Во земјава постојат 15 Локални економско-социјални совети, најголем дел отворени со средства од меѓународни прокети. Трендафилов се пожали дека дел од канцелариите кои биле отворени со финансиски средства од проекти, се користат за други намени од локалните власти што е жално за развојот на социјалниот дијалог на локално ниво. „Веројатно градоначалниците сметаа дека тоа се само дополнително добро опремени канцеларии кои можат да ги користат за нивните потреби“, рече синдикалецот.

Трендафилов коментираше дека во Македонија социјалниот дијалог функционира само ако сакаат креаторите на политиките.

Мери Нашоку од МКЦ Битола, координатор на проектот, рече дека соработуваат со осум општини, сите ги исконтактирала за средбата, дополнително испратила покани до други општини и ЛЕСС кои не се вклучени во проектот, тие се одзваа на поканата и зедоа учество на настанот.

Во делот на говорници, покрај МТСП, ОРМ и ССМ, беа испратени покани и до три градоначалници од општините кои имаат формиран ЛЕСС, да присуствува се одзвал градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

„Доколку има пасивни ЛЕСС и членови кои не се појауваат и не се активни, многу тешко оди постапката да се заменат и да се направи функцонален совет. Нашата улога е да се обноват мандатите на членовите и да ги поттикнеме локалната самоуправа и градоначалниците да го сфатат посериозно ова тело. Наидовме на позитивни реакции на градоначалниците од некои општини, а некаде пак каде добро функционирало ова тело сега нема интерес од страна на градоналниците и секретарите“, рече Нашоку.

лс3

Општина Гостивар има еден од првите формирани Локално економски-социјални совети уште од 2013 година, но како што запрела финансиската поддршка, активностите спаснале. Таравари рече дека пред две години била покрената иницијатива за возобновување на телото од невладини организации, меѓу кои АДИ и МКЦ Битола во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“.

ЛЕСС да влијаат врз образованите програми

Како еден од приоритетите кои ЛЕСС треба да си ги постават пред себе е намалување на јазот што постои помеѓу пазарот на трудот и потребите на бизнисот.

„Од една страна имаме недостиг на работна сила и од друга голем број невработени. Тоа се должи на јазот во образованието, нема усогласеност меѓу понудата и побарувачката. Она што се нуди како образование во општините не е тоа што го бараат работодавачите. ЛЕСС е местото каде треба да се дискутираат овие прашања“, рече Наташа Мечкароска-Симјановска од Меѓународната организација на трудот.

Во оваа насока кон дискусијата се приклучи и Светлана Ристевска- Антиќ од Организација на работодавачи на Македонија која истакна дека во ЛЕСС има голем простор да се прават анализи каков кадар им е поребен на стопанствениците, но и да се прилагодат наставните програми во стручните училишта. Да се направат и територијални договори за формирање на Центри за професионална ориентација во општините. Таа рече дека училиштата се̍ уште немаат вработени лица за професионална ориентација на учениците.

Успешни примери на ЛЕСС во државата

Во втората панел дискусија „Практиките на социјалниот дијалог на локално ниво: улогата и предизвиците во развојот на Локалните економско-социјални совети“ беше презентирана работата на Локалните економско- социјални совети од Битола, Струмица, Куманово, Ресен, Штип, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Струга и Кичево.

лс5

Вистинско освежување беше присуството на двајца средношколци од битолскиот ЛЕСС, пример кој беше оценет позитивно од учесниците на средбата. „Ние младите сме вклучени во ЛЕСС, двајца сме членови од средношколската организавција. Доколку младите се вклучени во другите совети добро е да се вмрежиме“, рече Евгенија Маслинко, средношколка од Битола.

лс

Емилија Сарафска од Општина Битола истака дека една од целите на ЛЕСС е да им се отвори можноста на младите за вработување и да ги задржиме во родните места. Претседавач на ЛЕСС во Битола е избран од Организацијата на работодавачи. Имаат поддршка од Општината, но како што рече Сарафска, таа не го дава главниот збор. Исто така, напомена дека ЛЕСС Е главен и клучен партнер во изработка на стратегијата за локален економски развој. Претседателот на струмичкиот ЛЕСС Тони Милушев како понатамошна потреба го истакна поголемото вмрежување меѓу ЛЕСС во земјава. Ахмет Јашаровски од општина Куманово истакна дека како ЛЕСС имаат остварено на терен контакт со компаниите, средба со премиерот, форуми со бугарски компании за размена на искуства. Издејствувале скратување на постапката и да нема чекање при монтирањето на фотонапонски панели. Дејан Илиовски, секретар во ЛЕСС Кичево истакна дека успешен проект им е вработување на младите во бизнис секторот, анализа на пазарот на трудот, веб сајт, вмрежување со Свети Николе и Куманово. Претставниците од Локалниот економски-социјален совет во Тетово кажаа дека по нивна иницијатива спроведени се реформи во стручните училишта во Тетово. Успеале да отворат смерови кои се потребни на пазарот на трудот.

лс7

 

Младинскиот културен центар го промовираше проектот ЕНТЕГ финансиран од ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка   меѓу Грција и Македонија кој ќе овозможи дипломираните студенти и апсолвенти со високо образование да започнат свој бизнис и да се вработат.

Повикот е отворен од 16.12.2022 година и ќе трае до 31.01.2023 година и може да се најде на следниот линк https://forms.gle/cS9nz24PuBWrHkxE6

Можат да се пријават лица до 35 години кои завршиле високо образование, а дополнителна вредност на проектот е тоа што овозможува вмрежување на младите од двете страни на границата, па и отпочнување на заеднички биснис.

ee2

                                                      

„Основната цел е да се воспостави еден нов иновативен систем за претприемничко учење кој ќе им помогне на младите невработени лица студенти или апсолвенти од Пелагонискиот Регион полесно да најдат работа или да започнат сопствен бизнис. Се работи за дигитална иновативна лабораторија за претприемничко учење со најсовремени алатки за информациска и комуникациска технологија, ќе се спроведува од девте страни на границата. Ќе им дадеме нова шанса на младите да се врмежуваат со нивните колеги од соседна Грција и полесно да најдат работа. Проектот ЕНТЕГ сметаме дека е одговор на проблемот со младинска невработеност што го имамне кај нас“, рече Златко Талевски од МКЦ Битола.

Младите од двете страни на границата заедно ќе го поминат процесот на учење и градење претприемнички вештини. За таа цел ќе имаат два циклуса на обуки во дигиталната лабораторија, но и обуки со физичко присуство во Солун.

„Целта ни е да помогнеме во унапредување не младите студенти и апсолвентите да можат да се претстават подобро за да стигнат до вработување. Ова е многу интересен процес за младите и многу сме среќни што ќе соработуваме двете држави за оваа цел, а да помогнеме во пријателството и да дадеме економска поддршка за нашите региони“, рече Ламприни Тсоли од Регионалниот фонд за развој во Грција.

Проектот ќе се спроведува 18 месеци со вкупен буџет од 551 840 евра од кои 85 проценти ги обезбедува ЕУ, а 15 проценти се од буџетот на земјите вклучени во проектот.

ee3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани