АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Луѓето сè повеќе се гладни за сигурни, навремени и корисни информации. Притисоците за повеќе канали и поголем избор се огромни. Како резултат на тоа, придужено со брзиот технолошки развој, се повеќе во етер се принесуваат т.н. лажни информации. Интернет блоговите, порталите за вести и онлајн вестите, Фејсбук, youtube, па дури и кратките текстуални пораки (SMS), сите се особено идеални за ширење дезинформации.
Дезинформациите процветаа. Многу фотографии, иако вистинити, се користеа за да им се даде друго значење: полициското насилство во Франција за време на протестите на „жолтите елеци“ беше критикувано преку фотографија на демонстрантка со крваво лице … снимена пред неколку години во Шпанија.
Жолтиот печат, лажните вести, непотврдените вести, позајмените вести и сензациите се елементите со кои најмногу играат новите интернет портали. И успеваат во тоа. По сè изгледа на одреден дел од публиката ѝ годи да консумираат вакви информации и не ги привлекуваат толку многу вистинските вести кои може да се корисни, но не толку забавни.
Се наоѓаме во период кога е важно да зборуваме за "лажните вести". Што се всушност „дезинформациите“?
Еден од главни аргументи е дека лажната вест не е хомогена група на содржини. Информациите што се само неточни не спаѓаат по дифолт под оваа дефиниција. Од комуникациска гледна точка треба да се разликува лажна вест од лажна информација, или дезинформација. Во последно време многу се зборува за дезинформациони кампањи, или fake news (лажни вести), како метод со кој авторитарни центри ги загрозуваат демократските вредности на современиот свет. На лажни вест прв почнува да се жали Доналд Трамп, но и неговите противници ја преземаат приказната. Стандарден виновник е Русија, која, се чини дека за една рака долари му овозможила на Трамп победа на изборите. Русија не е единствен извор на дезинформации. Но, постои конкретна нишка на несигурни информации кои ги искористуваат тензиите кои се поволни за Руската Федерација: помеѓу ЕУ и САД, САД и НАТО, а особено меѓу западните земји и нивните влади и главните медиуми.
Стручњаците за заштита од дезинформации на firstdraftnews.com утврдиле 3 клучни чекори за одговорно користење на социјалните мрежи (каде се преклопуваат фактите и дезинформациите), извор на информации: мониторинг, проверка и верификација.
Демократијата во светот е секако загрозена, но опасноста од лажна вест е многу мала. Главните ризици се од друга страна, во сферата на политиката. Но, што би се правело со изјавите на политичарите? Тие стандардно лажат или доста ја искривуваат вистината, како што е општо познато, па акцијата насочена кон ликвидација на дезинформациите, би морала и нив да ги опфати. На пример, претседателот на Европската комисија Јункер, неодамна буквално изјави дека унгарскиот премиер Орбан е производител на лажни вести. Чиста навреда. Како да, тој, Јункер, никогаш не излажал. И дали некој ќе го цензурира Орбан?
Проблемот за ефикасна борба против лажна вест е правото на слобода на говорот, т.е. правото на сите да кажат што сакаат за политичките и сродните прашања, се разбира, освен ако тоа не е повик за востание или друго кривично дело. Затоа, ЕУ престанува со акција, знаејќи дека ќе има сериозни критики од политичката јавност да се прибегне кон каква било цензура.
Секојдневното "бомбардирање" со сите видови и нивоа на дезинформации води до ситуација повеќе да не се верува ни во точните информации, а од старт присутна е не само резерва, туку и потполно неверување.
Борбата за точни информации, а против сите облици на дезинформации претставува воедно и борба за клучните демократски достигнувања, а разоткривањето на дезинформациите е од витално значење за опстанокот на секој систем, па и нашата земја.
Ова е клучно време. Ако сакаме навистина да ја разбереме ситуацијата во која се наоѓаме, треба да ја разбереме сериозноста и треба да разбереме против што се бориме. Фрлањето на терминот лажни вести наоколу, дури и со цитати во воздух, не нé носи никаде. Не баш сè што е онлајн е политичка пропаганда или онлајн дезинформирање, лажна вест. Нивното разграничување е многу важно бидејќи е неопходно во справувањето со нив и наоѓањето решенија против нив.
Пишува: Мартин Николовски - Студент на отсек новинартво при Факултетот за комуникации на Хаџи Бајрам Вели Универзитетот во Анкара, Република Турција
На Меѓународниот урбанистички конгрес што деновиве се одржа во Стразбур, на Генерланата дирекција на Вакфи од Турција на свечена церемонија им беше доделена наградата за архитектонска заштита на битолската Хајдар Кади Џамија..