АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основното училиште „Гоце Делчев“ синоќа доби награда „Посебно признание“на манифестација „Најуспешни битолчани за 2018 година“.Училиштето е едно од најстарите училишта во градот , изградено 1847 год. во времето на османлиската власт и е дел од културно историското наследство на градот. Тоа е единствено двојазично училиште во градот и претставува модел за интеркултурно образование.Училиштето е препознатливо по својата култура и традиција, по својата средина во која изминатиот период се имплементираа многу новини со основна цел – унапредување на воспитно - образовната работа и постигнување на врвни резултати.
-Многубројните освоени награди, реализирани проекти, предавања, работилници и презентации се доказ за нашата работа. Како резултат на имплементацијата на многуте проекти во училиштето се преземени повеќе инфраструктурни зафати и обезбедена е современа техничка опрема, дидактички и нагледни средства што придонесува за постигнување на повисоки и трајни знаења, вели директорката на ОУ „Гоце Делчев“ Биљана Стојковска.
Според неа реализацијата на овие проекти е овозможена благодарение на раководните структури на училиштето, стручната служба, наставниот кадар, нашите ученици и родителите и општина Битола.
Дел од проектите во кој е вклучено училиштето во учебната 2018/2019 година
„Мојата учителка најдобра на свет е , секој од нас го милува како свое дете“ , со забава , песни и рецитали и со срдечно добредојде утрово беа пречекани првачињата во ОУ „Гоце Делчев“ во Битола. Учениците од погорните класови подготвија програма за најмладите ученици со цел да им ја пренесат пораката дека во училиште се учи и другарува, се стекнуваат знаења и вештини, нови познанства и пред нив се отвора еден нов свет за сите нив.
Со разигран, креативен и исклучително инспиративен хепенинг ОУ „Гоце Делчев“-Битола, денеска го прослави патрониот празник 4 - Мај. Во дворот на училиштето со однапред подготвена програма учениците се претставија пред многубројните гости, присутни родители и пријатели на школото, настапувајќи со музичко -танцувачки точки.