2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

В очи 8 Март, Денот на жената , Општина Битола и Националната мрежа против семејно насилство потпишаа меморандум за отворање Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во Пелагонискиот регион. Градоначалникот Тони Коњановски рече дека официјалните податоци покажуваат значително зголемен број на жртви од семејно насилство во Битола.

„Според податоците на Центарот за социјална работа во 2021 година значително е зголемен бројот на жртви од семејно насилство и имало 148 случаи, од кои 105 жени, 28 мажи и 15 деца. Во сите овие 148 потврдени случаи само на два им е пружена психо-социјална подршка во Центарот за социјална работа евидентирани како жртви на семејно насилство. Од таму неопходноста од отворањето на еден ваков центар. За целиот Пелагониски регион од Центрите за социјална работа Битола, Ресен, Кршево и Демир Хисар во перидот од јануари 2020 до јули 2021 година вкупно се пријавени и евидентирани 588 жртви на семејно насилство од кои 412 се жени, 164 мажи и 12 деца“, рече Коњановски.

Претседателката на Совет, Габриела Илиевска, посочи дека неопходно е да се обезбедат поголем број на капацитети за сместување на жртви од семејно насилство и други ресурси во Битола и Пелагонискиот регион.

„Мило ми е што меморандумот е потпишан на ден пред 8 Март зашто сметам дека 8 Март треба да се одбележи со борба за поголеми права и секоја жена треба да учествува во истата. Секој ден да создаваме услови и жените и децата да бидат заштитени од било каков вид на насилство“, рече Илиевска.

Советодавниот центар ќе биде наменет за сите општини од Пелагонискиот плански регион.

„Ќе има тим од социјален работник, правничка, психотерапевтка и кариерна советничка. Социјалната работничка ќе ја прими жената, ќе направи проценка на ризикот од повторување на насилството, проценка на сите околности, индивидуалните потреби на жената и децата и ќе направи план за идните чекори. Правничката ќе ја придружува жртвата до инстутуциите доколку треба да пријави насилство. Психолошка поддршка е за надминување на траумите и ќе биде континуирана и долготрајна. Кариерното советување за да им се помогне на жените да бидат економски независни“, рече Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство.

На крај Коњановски вети дека центарот ќе се отвори што поскоро за што се издвоени и пари од буџетот на Општината за 2022 година.

„Упатувам честитка со ветување дека одбележувањето на овој празник треба да биде со конретни чекори и борба за еднакви можности на мажите и жените, секојдневно градење на поволно опкружување за женските права и решавање на непосредните проблеми со кои се сочуваат жените во зедницата“, рече градоначалникот.

На настанот присуствуваа градоначалници од соседните општини, претставници на невладини организации, политичарки и други жени докажани во општествното живеење во Битола. 

275155317 1220777722064902 6857426118636710616 n

275113359 1556744771358911 6925247322927956108 n

275234100 2407420869393529 147715827473936208 n

275231412 291852659702249 8270514303817812838 n

275420942 947995102576200 8992188172563305744 n

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани