2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО РЕШЕНИЕТО ПО ЖАЛБАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА, ГАБРИЕЛА ИЛИЕВСКА

Во врска со жалбата на Претседателката на Советот, Габриела Илиевска на решението на Државниот инспектор за локална самоуправа, Ве известуваме дека во доставеното решение од Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, наведени се формални недостатоци на актите донесени од инспекторатот во постапката на вршење на инспекцискиот надзор. Решението бр.08-528 од 18.05.2023 на Државниот инспекторат за локална самоуправа, се поништува и предметот се враќа на повторна постапка пред првостепениот орган (Државниот инспекторат за локална самоуправа).

Во ниту еден дел од решението на второстепениот орган, не е утврдено или укажано дека, претседателката на Советот постапила исправно.

Второстепената државна комисија за одлучување на инспекциски надзор ја уважи жалбата на претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, која таа ја поднесе против решението на државниот инспектор за локална самоуправа за спорната седница прекината на 20 април годинава. Второстепената комисија утврдувајќи одредени неправилности, го пониши решението на инспекторот од 18 мај годинава со кое Илиевска од независната граѓанска иницијатива Поинаку беше опоменета дека згрешила што ја прекинала 26. седница.

Илиевска побара вонреден инспекциски надзор врз случувањата во Советот, откако на 20 април ја прекина седницата со образложение дека постапила по член 65 од Деловникот за работа и дека по напуштањето на седницата на советниците од СДСМ сакала да направи дополнителни консултации со советничките групи.

Но, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ДУИ избраа друг претседавач на седницата и ја продолжија, па беа изгласани завршните сметки на јавните претпријатија од кои дел се со загуби. Седницата продолжи и следната недела, кога локалното мнозинство предвоидено од ВМРО-ДПМНЕ постигна кворум со Левица и ДОМ. По ова се распадна локалното мнозинство предводено од ВМРО- ДПМНЕ во Советот, во кое учествуваше и Поинаку и настана политичка криза.

Илиевска има поднесено жалба уште на едно решение донесено од истиот Инспекторат за локална самоуправа со кое таа и мнозинство советници беа опоменети за неправилности при донесените решенија за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори во шест јавни претпријатија. Тогаш вонредниот инспекциски надзор беше извршен по барање на градоначалникот Тони Коњановски, откако на први јуни годинава советниците на СДСМ, Поинаку, Левица, ДОМ и ДУИ, кои создадоа своевидно ново мнозинство во Советот, гласаа за разрешување на управувачките тела на Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и КИЦ, кои според завршните сметки покажаа загуби                             

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ

Измените во програмата за животна средина која се најде пред Советниците на пoслeдната седница на Советот, отвори дебата за тоа што е направено во последната година откако мнозинството го предводи ВМРО ДПМНЕ со Поинаку. Од  СДСМ обвинија дека нема реализација на ниту ден капитален еколошки проект од оние кои беа ветувани во предизборието за подобрување на животната средина, а  Буџетот предвиден за оваа програма е помал отколку на претходната локална власт предводена од СДСМ. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани