АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На дневен ред на седницата на Советот на Општина Битола денеска е правилникот за условите и критериумите според кој ќе се наодместуваат трошоците на домаќинствата за замена на печките на огревно дрво со инвертер клими. Исто така со овој правилник се утврдуваат и зоните на подрчајето на Битола кои ќе бидат опфатени со оваа мерка.
Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Елена Трајчевска, член на Советот на Општина Битола, најдоцна за еден месец ќе добие принова, а ова е прво нејзино дете. По подолг период, Трајчевска е прва жена во битолскиот Совет која станува мајка за време на советничкиот мандат. Таа веќе влезе во деветтиот месец, а на седниците на Советот активно ги извршува своите обврски. Рече дека нема да отсуствува од седниците и по породувањето.
Паралела помеѓу еден од најзначајните настани во македонската историја, Крушевската Република и актуелните сосотојби во Битола, повлече советничката од Поинаку, Габриела Илиевска, на денешната седница на Советот, каде на дневен ред беше ребалансот на Буџетот на Општината. Илиевска констатираше дека за време на 10-те дена Крушевска Република биле реконструирани повеќе улици отколку денес за време на владеењето на СДСМ.
-Вчера слушам дека ние во Битола ќе сме ја реконструирале улицата „Крушевска Република“. Искрено да ви кажам, Крушевската Република траеше 10 дена и таму за тие 10 дена појќе улици реконструираја отколку вие од ко сте дојдени на власт во Битола. Појќе. Ние во овие две години можиме да се пофалиме само со улицата „Климент Охридски“ која двапати ја плативте и која служеше за потсмев на цела Македонија, рече советничката Габриела Илиевска.
Е.М.
Информација за мерките што се преземени за подобрување на амбиенталниот воздух во Битола, по барање на опозицијата беше вонредна точка на дневниот ред на денешната седница на Советот. ВМРО-ДПМНЕ го окфалификува извештајот како срамен, затоа што не содржи доволно информации, а владеачкото мнозинство и порача на опозицијата дека аерозагадувањата е една од неколкуте теми за кои нема право да зборува во наредните 10 години.
„Еден ден ќе одговарате за узурпираниот државен имот“. Вака на владеачкото мнозинство му се закани советничката Анита Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната 40 седница на Советот на општина Битола, на која единствена точка на дневен ред беше одлуката за утврдување соработка меѓу општините Битола и Демир Хисар, со која треба да се регулира училишниот превоз.