АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Елена Трајчевска, член на Советот на Општина Битола, најдоцна за еден месец ќе добие принова, а ова е прво нејзино дете. По подолг период, Трајчевска е прва жена во битолскиот Совет која станува мајка за време на советничкиот мандат. Таа веќе влезе во деветтиот месец, а на седниците на Советот активно ги извршува своите обврски. Рече дека нема да отсуствува од седниците и по породувањето.
-Породилното отсуство нема да важи за седниците во Советот, па и по породувањето ќе се вклучам во неговата работа. Последен термин за моето породување е 10 јануари, изјави Трајчевска за апла.мк
Таа е советник од ВМРО-ДПМНЕ веќе втор мандат.
Е.М.