АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Првата дама на Република Северна Македонија Елизабета Пендаровска засади дрвце во дворот на училиштето во новачкото село Бач. Таму денес беше промовирана донацијата од Република Бугарија во износ од 45 000 евра со што се реновира покривот и внатрешноста на училишната спортска сала. Градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски ги пречека министерот за здравство на Бугарија Кирил Анaниев, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и бугарскиот конзул во Битола Димитар Иванов.
,,Заедно со Амбасадата и Конзулатот на Република Бугарија го спроведивме проектот за реконструкција на покривот на училиштето околу 500 квадратни метри и комплетно внатрешно уредување на спортската сала околу 400 квадрати. Донацијата на Бугарија беше околу 45 000 евра и наше сопствено учество околу 9 500 евра. Ова е прв ваков заеднички проект што го реализираме во мојот мандат и се надевам и на натамошна соработка ", рече градоначалникот Кузманоски.
(Бугарската делегација донира и компјутер за училиштето во Бач)
Амбасадорит Ангелов рече дека ова е дел од нивната програма за поддршка на Северна Македонија и имаат проекти во различни области образование, инфрстаструктура и ќе помагаат во образованието за да можат децата да учат во нормална и модерна средина.
Сите заедно засадија дрвца во дворот на подрачното училиште ,,Славко Лумбарковски", каде учат 26 ученици.
Ж.З.