2win800x200

Генралниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот за енергетика во Европа од ЕБРД, Грегош Зеленски ја посетија фотонапонската електроцентрала ,,Осломеј- 1” од 10 MW во Кичево, чија изградба беше финансирана со поволна кредитна линија од ЕБРД и која е веќе функционална.

АД ЕСМ потпиша договор со ЕБРД за поволна кредитна линија за изградба на две фотонапонски електрани, ФЕ Битола-1 од 20MW и ФЕ Осломеј-2 од 10 MW. Изградбата на двете електрани ќе чини околу 25 милиони евра, од кои 5,7 милиони евра ќе бидат грант од Европската комисија, што го намалува кредитот и самите трошоци за изградба за 20%. Ова е показател дека европските институции ги вреднуваат заложбите на Владата и на ЕСМ за брза и праведна транзиција кон зелена енергија.

Фото панелите поставени врз стариот рудник за јаглен „Осломеј“ во Кичево ќе произведуваат ,,зелена” електрична енергија, нема да го загадуваат воздухот и околината, а просторот околу нив ќе биде засејан со трева, која истовремено ќе го врати еко-системот и ќе спречи насобирање прашина врз фотонапонските панели и намалување на нивната ефикасност, соопштија од ЕСМ.

„Од тие причини, проектот Фотонапонска електрана во Осломеј е значен не само заради неговите енергетски вредности, туку е важен и од еколошки аспект за поблиската и подалечната околина на РЕК Осломеј. Електраната во моментот е функционална, веќе го користи сонцето кое го има во изобилие на ова поднебје и дава придонес во вкупното дневно производство на АД ЕСМ“, соопштија од Компанијата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани