АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ротари клубот од Битола донираше неуробиофидбек апарат на Одделението за ментално здравје за деца и млади при ЈЗУ Клиничка болница Битола. За првпат се набавува ваков апарат, а здравствената услуга ќе биде фондовски покриена. Ќе се користи за третмани на когнитивните способности кај децата, но дава можности за третман и на многу анксиозно фобични болести, стравови, депресија, подобрување на мозочните способности по преживеани инциденти и трауми.
„ Апарат ЕЕГ дигитракнеурофидбек од полски производител, триканален, најнова верзија. Со овој апарат се осовременува третманот на децата со атипичен и типичен развој во нашата болница, покронкретно во Одделението за ментално здравје. Неуробиофидбекот е метода која ги подобрува когнитивните, професионалните и личните перформанси кај пацинетите. Најголем придонес има во подобрување на когнитивните способности, меморија, учење, мотивација посебно кај децата со невро-развојни нарушувања, односно аутизам, ментална попреченост , деца со хиперактивно растројство. Потоа служи и за третман на јазично –говорни проблеми“, рече Билјана Гагачовска специјалист психијатар, раководител на Оделение за ментално здравје на деца и млади при Битолската болница.
Ова е уште една донација на Ротари клубот од Битола, кој и претходни пати имал хумани донации во Битолската болница.
„ Овој парат ќе помогнеме на одредена категоријан деца со попречен развој во унапредување на нивното здравје. Ротари клубот континуирано помага во општеството со одредени донации и прокети од најразличен тип, дали од медицина, образование, мир, во рамки на нашите можности. Сметаме дека оваа активност нема цена“, рече Васко Талевски од Ротари клубот –Битола.
Ж.Здравковска
Адвокатот Васко Талевски е единствениот член од Битола во новоизбраниот Извршен одбор на СДСМ. Тој е меѓу 16 нови членови на Извршниот одбор што беа избрани на денешната седница на Централниот одбор на СДСМ што се одржа во Охрид.
Нови членови на Извршниот одбор: се Фросина Ременски, Благојче Бочварски, Рената Десковска, Костадин Костадинов, Есра Салихи, Ѓоко Танасовски, Весна Гершан, Васко Талески, Тања Стојановска Иванова, Драган Тевдовски, Салија Љатиф, Стефан Богоев, Кети Василевска, Нина Велкова, Петре Шилегов и Маринела Ојлеска.