АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
100 барања за проценка на штети предизвикани од земјотресот во Битола и битолските села поднесоа битолчани за само еден ден до Општина Битола. Пријавувањето започна вчера, а граѓаните ќе имаат можност да ги пријават штетите до 26 јануари.
Изронети фрески, распукани тавани, ѕидови и подови, срушени делови од конаците… Земјотресите што два дена дрмаат во Битолско предизвикаа големи оштетувања во манастирот „Св. Ѓорги“ во пограничното село Велушина. Манастирот е стар 183 години, а дел од оштетените фрески се дело на Јован Зограф.
Во 16 и 14 минути, нов земјотрес со магнитуда од 4,5 степени се почувствува во Битола. Епицентарот повторно е во Грција на 8 километри од Лерин, во Битолско епицентрално подрачје.
Вчерашниот земјотрес е најсилен во последните 120 години во Битолскиот расед*, но сеизмолозите велат дека во ова епицентрално подрачје не се очекуваат посилни потреси. Претходно во 1994 земјотресот во Битола беше со магнитуда од 5,2, во 1958 земјотрес од 5,3 степени по Рихтер, 1922 година земјотрес со магнитуда од 5,1. Ова се податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, а причина за земјотресите е издигнувањето на планината Пелистер и спуштањето на Пелагонија, вели во интервју за Сител Драгана Черних раководител на Сеизмолошката лабораторија во Скопје.
„Во овие мигови во Битола се случува евакуација, односно вистински егзодус на населението. Стотици, можеби илјадници возила, во колони се упатуваат кон излезите од градот и бараат безбедно засолниште надвор од него. Цели семејства, заедно со децата, бараат спас во селата, викендиците или кај роднините подалеку од градот. Некои палат логорски огнови и ноќта ќе ја поминат во дружење и со топла ракија.