На покана на Австриската библиотека од Битола, во НУУБ „Св. Климент Охридски“– Битола, се одржа работилница со љубители на германскиот јазик слушатели од Центарот за германски јазик „Илиеви“ и ученици од средните училишта „Таки Даскало“, Државното музичко училиште и студенти од Меѓународниот славјански универзитет под менторство на професорките Елена Сотиров и Кристина Атанасовска.Работилницата беше на тема „Лектири на германски јазик -читање и разбирање “.
Раководителката на Австриската библиотека во Битола д-р Валентина Илиева ја водеше работилницата претставувајќи ги лектирите на германски јазик од Австриската библиотека. Лектирите можат да ги читаат членовите на библиотеката дури и со основните познавања на германскиот јазик. Еден текст од лектира од А1 ниво „Роња трча“ беше земен како пример за разработка. Ваквите лектири од веб страната на издавачката куќа можат да се симнат и да се слушаат како аудио книги, а најинтересниот дел од работилницата беше секако работата во парови на вежбите по секој текст, вежби кои ни овозможуваат проверка на разбраниот текст. Со големо внимание беше проследено и пребарувањето во книжевниот фонд на Австриската библиотека.
Учесниците со големо внимание ја следеа работилницата и изразија желба за почести работилници од овој вид. Малите речници и бележниците за книги беа само мал спомен од оваа работилница кои си ги понесоа учесниците како спомен од оваа дружба.