АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По подолго време, денес беше забележана поголема туристичка група на плоштадот Магнолија во Битола. Групата беше од Словачка и со туристички водич ги разгледуваа центарот на градот, Безистенот и Старата чаршијата. Пред појавата на пандемијата со ковид-19 туристичките групи беа секојдневие во Битола, а потоа сосема запреа. Денешната слика со туристи ги потсети битолчани на убавите и побезгрижни времиња кога Битола беше на агендата на повеќето агенции кои носеа туристи во земјава. Можеби доаѓаа на еден ден, но придонесуваа за раздвиженост на Широк Сокак, ќе ручаа во некој ресторант, а и битолчани имаа чувство дека нешто се случува на турситички план во градот.