АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски и секретарот на општината, Борче Димитровски, ги посетија дел од училиштата, каде утрово имаше дојави за бомби. Во разговор со директорите, се информираа за моменталната состојба во училиштата, каде што полициските екипи веќе вршат проверки. Бојкоски и Димитровски, се во постојана координација и со екипите од СВР Битола.
Претставници од институтот „Конфуциј“, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, денес ја посетија општина Битола, каде имаа средба со градоначалникот, Тони Коњановски.
Два дена пред почетокот на генералниот штрајк што го најави СОНК на своето членство во училиштата и градинките, родителите добиваат насоки како да постапат со своите деца. Наставниците ќе дојдат во училиште, но нема да изведуваат настава, туку ќе бидат во просторија определена за нив. На родитлите веќе им е соопштено да не ги носат децата на школо, а оние ученици кои ќе дојдат, ќе бидат згрижени од наставниците кии нема да протестираат или лице задолжено за згрижување на ученицте.
"По грубите невистини, лаги и клевети изречени на денешниот прес на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се направи обид за рушење на угледот на директорите, БАРАМЕ јавно извинување од читачот на текстот и партијата, и сметаме дека ова е увод во процесот чија крајна цел е НЕЗАКОНСКА смена на директорите на училиштата", реагираат од ЛДП на пресот на ВМРО ДПМНЕ, на кој партијата прозива директори на училишта за нерегуларности во работењето.