2win800x200

Изложба „За изгубениот Сефардски свет“ќе биде отворена утре со почеток во 12 часот  во просториите на НУУБ ,,Св.Климент Охридски“-Битола.

Изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од западниот Балкан“, е заеднички проект на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од  Македонија и Центропа - институт за истражување и документирање на  еврејската историја од Централна и Источна Европа и Балканот со седиште во Виена, Австрија. Истата беше за прв пат отворена во  Скопје, на 25 јануари 2018 година во Министерството за надворешни работи, по повод  одбележувањето на Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите на  холокаустот.

Куратор на изложбата е директорот на Центропа, г-дин Едвард Серота. Таа го отсликува 20-тиот век прикажан преку пет интервјуа на Центропа направени со Евреи од западниот Балкан, кои го преживеале холокаустот.

Изложбата е на македонски јазик, но е исто така пропратена е со брошура на англиски и албански јазик. Како резултат на интересот на наставници и  едукатори да ја применат во наставата, истата патува низ повеќе градови  низ Македонија.

Наредните 10 дена  предвидено е изложбата да ја посетат поголем  број на посетители-вљубеници во историјата, но и да се реализираат наставни часови од професори и наставници по историја, етика, граѓанско образование и македонски јазик со ученици од нашиот град. По завршувањето изложбата продолжува по други градови низ Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани