2win800x200

Факултетите на Битолскиот универзитет постепено ќе се враќаат на класична настава

Март 14, 2022

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола навремено ја разгледа и дискутираше по однос на препораката од Комисијата за заразни болести и костатира дека  со менување на ситуацијата, одделни факултети постапно ќе се враќаат на класичниот начин на предавања, а особено на одржување на практичната настава, која беше и најзасегната во текот на оваа Пандемија, велат од Битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ за Апла.мк..

Ректорската управа констатира дека е најдобро одлуката во врска со Препораката да ја носи секоја единица поодделно, автономно и соодветно на проценките што произлегуваат од  нејзините специфики, имајќи ги предвид можностите и севкупните услови, бројот на студенти по групи, прилагодено кон состојбата и со строго почитување на мерките и безбедносните протоколи студентите од помалите групи можат да држат настава и со физичко присуство.

На единиците каде што бројот на студенти во групите е поголем и капацитетите на амфитеатрите не дозволуваат почитување на мерките наставата продолжува да се одвива online.

-Универзитетот „Св. Климент Охридски„ – Битола, уште од првите денови на пандемијата се труди активно да ги спроведе мерките за спречување на истата, преку воведување на низа новини во наставата, кои беа донесени заедно со студентите, во соработка со Универзитетското студентско собрание. Имено, од самиот почеток на епидемијата со Ковид-19, УКЛО со брза реакција премина од традиционалниот начин на одржување настава кон организација и реализација на наставните програми со користење на напредна компјутерска технологија. Беше изработена Стратегија на УКЛО за реализација на наставно – образовниот процес во услови на пандемија со Covid-19, со што се обезбеди правно регулирање на наставнообразовниот процес на Универзитетот, во услови на пандемија со Ковид-19, потврдува проректор за настава на УКЛО, проф. д-р Љупче Кочоски.

Според Кочовски, ваквата стратегија понуди три добро разработени концепти во функција на опциите за реализација на наставно – образовниот процес со физичко присуство, преку настава на далечина и преку хибридниот модел.

-И во оваа пригода потенцираме дека УКЛО ќе ги почитува препораките од задравствените власти и насоките од ресорното министерство кои  упатуваат на Универзитетската автономија и ни препорачуваа самостојно да донесуваме одлуки  во согласност со важечките мерки донесени од страна на владата на РСМ. Во таа насока, ние уште на почетокот ја донесовме нашата Стратегија за реализација на наставата во услови на пандемија со Covid-19, па сите единици досега успешно ја спроведуваат.

Морам да напоменам дека ваквата стратегија ќе продолжи да се применува и по завршувањето на Пандемијата, секако, со мали измени и надополнувања. Во согласност на тоа, ние како Универзитет, им препорачуваме на нашите единици при подготвувањето на новите курикулуми за своите студиски програми, да вклучат и можност за изведување на online настава, со што во иднина ќе бидеме уште пофлексибилни во однос на некои нови непредвидени ситуации , вели проректорот Кочоски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани