2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Работиме на ублажување на последиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна, рече Ковачевски

Април 04, 2022

Посветено работиме за ублажување на последиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна. Уште на почетокот ги преземавме сите неопходни чекори за да се ублажат ценовните шокови. Брзо и навремено, донесовме пакет мерки во вредност од 400 милиони евра за да се амортизираат притисоците врз стандардот на граѓаните и да се обезбеди ликвидност на компаниите. Истите со голема брзина се операционализираат и веќе даваат резултати, рече премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на Битолската млекарница. 


-Во постојан дијалог со бизнис заедницата, синдикатите и сите засегнати страни го унапредуваме животниот стандард на граѓаните. На тој начин ја зголемивме и минималната плата. Веќе 80.000 вработени, наши сограѓани, работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата. Дополнително, државата го субвенционира делот врзан за придонеси, рече Ковачевски.


Тој се осврна и на пензиите посочувајќи дека доживеаја историски највисок раст.

„Во дијалог со пензионерите, дефиниравме методологија со која пензиите континуирано ќе растат без потреба од дополнителна интервенција. Дополнително ги помогнавме и со директна помош од вкупно 3.000 денари за три месеци“.


За цените на горивата кои на светските берзи секојдневно растат, Ковачевски рече дека преку намалувањето на ДДВ-то и на акцизите денес имаме најевтини горива во регионот што е особено добредојдено и за граѓаните и за компаниите.


„Намаленото ДДВ за основни производи на 0% како и замрзнувањето на маржите овозможи цените на овие производи да не пораснат неконтролирано со што животниот стандард на граѓаните е заштитен, а потрошувачката кошничка пополна. За компаниите, овозможивме финансиска поддршка преку Развојната и комерцијалните банки преку користење на бескаматни кредити, користење на Гарантниот фонд како и поволни кредитни линии кои ќе овозможат зелена транзиција. Пред нас е период полн со предизвици за кои сум уверен дека со правилен пристап, посветено и заеднички ќе ги премостиме, “рече Ковачевски.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ја посетија компанијата „БиМилк“ во Битола, една од најголемите компании во млечната индустрија, по повод 70 години постоење и работа на македонскиот пазар.премиер 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани