2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

300 новозаразени во Битола во последните две недели

Април 04, 2022

Битола, заедно со Кавадарци и Делчево е меѓу градовите со највисока неделна инциденца на заболени од КОВИД 19 за периодот од 28 март до 3 април. За овие 7 дена во Битола се заразиле 166 лица, а во последните две недели има 300 новозаболени од коронавирусот.

Во Битола од почетокот на пандемијата има вкупно заболени 14 875 граѓани, со што по Скопје и Куманово, градот е на трето место во државата.

Инаку во споредба со преходната недела, на ниво на држвата, има намалување на заразените од 5,4 проценти, односно регистрирани се 1602 случаи. Најзастапена е возрасната група над 60 години (26,9%). Во однос на претходната недела, најголемо зголемување на бројот на заболени се регистрира кај децата до 9 години (13,7 %) и возрасната група од 10 до 19 години (11,6%).

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 272 реинфекции, со зголемување од 1,5% во однос на претходната недела.

Пријавени се 12 смртни случаи во 8 градови , за 45,5% помалку во однос на претходната недела

Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ биле испитани 92 примероци на заразени со SARS CoV-2 вирусот. 93,5% од испитаните примероци , односно 86 луѓе биле заразени со „stealth“ варијанта на Омикрон сојот на Ковид-19 (БА.2), додека кај само 6 заразени е потврдена BA.1 варијантата на Омикрон сојот.

 

табела

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани